fbpx
Таг: извоз

таг: извоз

Анкета: Економската состојба е лоша, но компаниите очекуваат дека ќе се подобри

Сегашната економска ситуација е оценета како полоша во однос на минатата година, покажува Анкетата за деловната клима во Македонија спроведена помеѓу членките на Македонско - германското стопанско здружение. Само 7 отсто од компаниите, моменталната економска состојба ја оцениле како добра, а 50 отсто ја оценуваат како лоша. - Кај компаниите има позитивното расположение во однос на очекувањата дека деловната клима значително...

Богов: Извозот е над очекуваното, рано е за прогнози за економскиот пораст

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека се уште е рано да се даваат прогнози за економскиот пораст годинава, но она што е над очекувањата, е порастот на извозот. - Извозот во првите месеци од годината е одличен и над очекувањата. Во извозот најголемо учество имаат новите производствени капацитети во зоните, кои толку беа критикувани, и тоа, веројатно ќе...

Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска на собраниска комисија

Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска ќе се разгледува на седница на Комисијата за економски прашања на Собранието, која започнува во 13.30 часот. Овој предлог-закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни местa, технолошки развој и внесување на иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да...

Кина воведе царина од 25 отстo на 128 американски производи

Кина воведе царина од 25 отсто на 128 американски производи вклучувајќи ги и свинското месо и виното, како реципрочна мерка на САД за царината за увоз на челик и алуминиум од Кина. Зголемувањето на царината стапува на сила денеска и ќе влијае на увозот кој изнесува околу три милијарди долари. Пекинг информира дека овој потег ќе ги заштити кинеските интереси и...

Во Москва прославена 13-годишнината од Македонско-руската стопанска комора

Македонско-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за пораст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар, рече Димитри Бистров регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската федерација, со која Македонско-руската стопанска комора има партнерски однос. На одбележување на 13-годишнината од основањето...

Производителите на зелка бараат откупната цена да остане 30 денари за килограм

Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска се сретнаа со производителите на зелка, кои вчера излегоа на предупредувачки протест со кои посочија дека откупната цена на пролетната зелка сега е на задоволително ниво, но стравуваат дека може во следните денови да се намали. Во моментов откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм, a земјоделците...

Во Скопје протеран руски дипломат, во Москва почнаа „Денови на македонската зимница“

Додека во Македонија, МНР донесе одлука за протерување на руски дипломат заради случајот „Скрипал“, во исто време во Москва почна манифестацијата „Денови на македонската зимница“ која од вчера се одржува во огромниот комплекс „Фуд сити“ во Москва. На оваа манифестација која ќе трае до утре, настапуваат пет македонски компании. „Најголемиот интерес се очекува да предизвика ајварот, но промоција ќе биде направена и...

Царинската управа ќе го поедностави системот на извозни, увозни и транзитни дозволи

Поедноставување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи е една од темите на која се разговара на работниот состанок во просториите на Царинската управа, од 19 до 23 март реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од УСАИД. „Од работниот состанок се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и...

Раниот Велигден го намали извозот на македонското јагне

Македонското јагне годинава за Велигден повторно ќе заврши на традиционалните пазари во Италија, Хрватска и дел во Турција, но во помали количества од лани. Ристо Михајлов од кланицата „Серта“ за „Мета“ вели дека продажбата на јагнињата годинава оди тешко и побарувачката од страна на традиционалните пазари е послаба. - Грција годинава нема купено ниту едно јагне, за разлика од претходните години кога...

Надминат проблемот со увозот на брашното од Србија, Љајиќ и Николовски постигнаа договор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и српскиот  министер за трговија, Расим Љајиќ кој денеска беше на работен состанок во Скопје, потпишаа Договор согласно кој, за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. На овој начин, Николовски и Љајиќ...

Србија ќе воведе контрамерки за увоз на брашно од Македонија

Србија утре ќе воведе контрамерки за увоз на брашното од Македонија, како одговор на Правилникот за увоз на брашно од македонска страна, кој стапи на сила на 8 февруари. „Не можеме повеќе да чекаме, освен купување на време од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјавил министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, кој најверојатно, утре ќе...

Компаниите ги кажаа забелешките, законот за инвестиции влегува во владина процедура

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, на средбата денеска со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши ги кажаа забелешките за Законот за поддршка на инвестициите кој наскоро ќе влезе во владина процедура. Анѓушев рече дека досегашните забелешки добиени преку јавните дебати биле вградувани во законот, но и дека денеска слушнале неколку корисни сугестии. -...

Министерот Љупчо Николовски договорил помош од Русија за Фитосанитарната инспекција

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имал работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов, на кој се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската  фитосанитарна инспекција, согласно потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Македонскиот министер на...

УСАИД годинава одбележува 25 години од работата во Македонија

Американската агенција за меѓународен развој во Македонија, УСАИД, годинава одбележува 25 години од работата во Македонија. Во партнерство со граѓаните, институциите, компаниите, здруженијата и организациите, УСАИД поддржа различни проекти, за да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Меѓу првите проекти на УСАИД, беше проектот „Од земјоделец на земјоделец” во 1993 година. „Целта на овој проект беше поддршка на растот на економијата, имајќи го предвид...

Извозот на компаниите од ТИР-зоните, лани изнесувал 2 милијарди евра

Вредноста на извозот на компаниите од ТИР-зоните, лани надмина 2 милијарди евра, што претставува пораст од 29,2 проценти во однос на остварениот извоз во 2016 година, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ. ТИР-зоните за прв пат нудат еднакви и транспарентни услови за инвестирање и ги отвораат своите врати за домашните инвеститори. „По објавувањето на Планот за економски пораст забележан е зголемен интерес...

Азески: Не постои безболен премин од задолжена економија кон одржлив пораст

Планот за економски пораст преточен во неколку мерки, кој го промовираше Владата, генерално ги содржи насоките и барањата на деловната заедница за кои што Стопанската комора на Македонија, постојано имаше свои предлози и укажувања до креаторите на економската политика, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески во новогодошното интервју за СКМ. „Мерките во Планот за економски пораст се креирани и координирани од...

Британските власти и дозволиле на „Гама Груп“ да ѝ продаде опрема за следење на Македонија

Владата на Велика Британија пред пет години ѝ дала дозвола на контроверзната британска компанија „Гама Груп“ да  ѝ испорача на Македонија софистицирана опрема за следење на комуникации, се вели во текстот на новинарката Тена Прелец за „Ал Џезеира“. Текстот се повикува на документи добиени од британското Министерство за надворешни работи, преку слободен пристап до информации, кои покажуваат дека властите во Велика Британија ѝ...

НБРМ: Состојбите во економијата во третиот квартал се подобруваат

По падот на економската активност во првата половина од годината, податоците за домашниот бруто-производ (БДП) покажуваа умерен пораст на годишна основа од 0,2 проценти, се вели во соопштението на Народна банка. „Порастот на активноста во третиот квартал се должи на извозната и на личната потрошувачка, додека инвестициската активност продолжи да се намалува, но со побавно темпо, споредено со претходното тримесечје. Показатели...

Анѓушев: За повисок економски пораст, извозот треба да биде 70 отсто од БДП

За повисок економски пораст на Македонија, потребно е, во креирањето на домашниот бруто-производ (БДП), извозот, од сегашните 53 проценти да изнесува од 60 до 70 проценти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, кој беше во организација на стопанските комори. Тој додаде дека, за таа цел македонските компании треба да...

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално се...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...