fbpx
Таг: изградба

таг: изградба

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци, потребни се околу седум години

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци во близина на Психијатриската болница, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Парцелата на која што ќе се гради новиот објект изнесува 84 хектари и е трипати поголема од местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар. Првичните анализи покажуваат дека инвестицијата ќе чини 420 милиони евра. - Очекуваме дека за две години,...

Општина Аеродром бара начин да спречи изградба на деветкатница пред „Мајчин дом“

Општина Аеродром соопшти дека е против изградбата на деветкатница на плацот пред „Мајчин дом“, ги разгледува сите правни механизми и бара начин да го спречи тоа. Реакцијата уследи откако на теренот почна да работи машина за бушење, што во медиумите беше оценето како почеток на изградба на објектот, против кој, минатата година се изјаснија стотици граѓани на Аеродром. Според соопштението, во...

Богдановиќ го поништил решението за изградба на Шпанските скали

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донел решение со кое го поништи и го огласи за ништовно издаденото одобрение на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улица  11 Октомври бб во централното градско подрачје, соопшти Општина Центар. Надлежните во општината констатирале дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението,  колку...

Предвидени околу 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патиштата

Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на Јавно претпријатие за државни патишта, беше усвоена на последната владина седница и со неа се планирани инвестиции во вкупна вредност од 16.748.600.000 денари (272.334.959 евра). Од Министерство за транспорт и врски информираат дека, помеѓу позначајните проекти предвидени во оваа програма се продолжување на изградба на автопатиштата...

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110-киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип, информираат од компанијата. Генералниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски и Ерион Муши, претставникот на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод. „Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и...

Граѓаните на протестот пред Влада побараа чиста животна средина

Неколку десетици граѓани ги поддржаа активистите за заштита на животната средина од Југоисточниот Регион и протестираа денеска пред зградата на Владата, за да го искажат својот став дека се против отворањето рудници. - Се бориме за да ја зачуваме нашата животна околина, да обезбедиме сигурна и здрава природа за нашите деца и поколенија. Да се обидеме да дадеме апел до властите,...

Протестен марш за запирање на изградбата на рудникот Казандол пред Владата во 12 часот

Граѓаните од Југиосточниот Регион денеска ќе се соберат на протестен марш пред зградата на Владата во 12 часот, за да го искажат својот став дека се против изградбата на рудникот Казандол. На настанот „Протестен собир за итно запирање на рудникот Казандол“, кој е објавен на „Фејсбук“, се вели дека „во Македонија место за рудници со отворен коп нема.“ „Иако живееме во Скопје,...

Во Благоевградско се спроведуваат проекти вредни 459 милиони евра

Во регионот околу бугарскиот град Благоевград, во близина на Делчево и на македонско-бугарската граница, во моментов се изведуваат проекти вредни 895 милиони лева, односно речиси 459 милиони евра, а парите се од Европските структурни и инвестицииски фондови, јави бугарската агенција „Фокус“. Најголемиот дел од тие пари, односно 739,2 милиони лева се од оперативната програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ и се...

Шилегов ја запре изградбата на барокни фасади на 95 објекти во центарот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја запре изградбата на барокните фасади на објекти во центарот на Скопје, чија изведба ја почна претходното раководство на Град Скопје. Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот. Шилегов за „Сакам да кажам“ изјавил дека меѓу стопираните...

Комуналната инфраструктура ќе се зголемува од 18 на 40 проценти

Mинистерството за транспорт и врски почна со реализација на проектот за подобрување на водоводната и канализационата мрежа во општините во Македонија, информираат од таму. За подигнување на квалитетот на комуналаната инфраструктура, министерството за транспорт и врски распиша осум јавни повици за изгрaдба или реконструкција на водоводните мрежи во повеќе места меѓу кои и во Гостивар, Ресен и во Виница. Од таму...

На аеродромот „Хитроу“ ќе се гради трета писта

Британскиот министер за сообраќај, Крис Грејлинг, најави дека во првата половина од следната година, Велика Британија официјално ќе одобри изградба на третата писта на аеродромот „Хитроу“. Според него, заминувањето на авиокомпанијата „Монарк ерлајнс“ во стечај не е сигнал за поголеми проблеми во британскиот авиосектор. Заминувањето во стечај на авиокомпанијата предизвика откажување на голем број резервации. Британската премиерка Тереза Меј лани одобрила 22 милијарди долари за проширување...

Сугарески најави изградба на водоводни и канализациски мрежи во 20 општини

Инвестиции од 20 милиони евра за нови водоводни и канализациски мрежи во 20 општини најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Рече дека акцентот ќе се стави на руралните општини, а целта е од сегашните 18 отсто, покриеноста со такви мрежи да се искачи на 40 отсто. - Со оваа нова инвестиција на Министерството за транспорт и врски,...

Таравари: Советот за јавни набавки е виновен за доцнење на испораката на лекови

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вината за доцнење на испораката на некои лекови ја лоцира во Советот за јавни набавки, а не во Министерството за здравство. Тој појасни дека кога пред шест месеци една фирма конкурирала за испорака на лекови, немало проблем, а сега, кога истата фирма конкурира со истите стандарди, има проблем пред Советот за јавни набавки. - Има еден Совет за...

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три...

Изградбата на патот Градско – Дреново е проект на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата

Средствата во висина од 35,4 милиони евра за изградба на делницата Градско - Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од партијата велат дека „тендерот за изградбата на делницата беше објавен и заради законските...

Сугарески: ЕУ додели грант од 35,4 милиони евра за изградба на патот Градско – Дреново

Министерството за транспорт и врски во име на Владата потпиша нов билатерален договор со Европската Унија за ко-финансирање на проектот за „Изградба на експресниот пат на делницата Дреново - Градско, како дел од крак 10-Д на патниот Коридор 10“, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој додаде дека овој нов договор со ЕУ е од исклучително значење за...

Мицкоски: Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ реализирани се 10.359 проекти

Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, реализирани се преку 10.359 проекти од инфраструктурата, образованието, индустријата, спортот и секојдневниот живот, информираше денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во своите општини изградија и реконструираа преку 2.170 улици и патишта, односно беше поставен преку 1.750 километри нов асфалт.“ - Се заменија или поставија нови водоводни и канализациони мрежи...

СДСМ: Груевски земаше милиони евра провизии за автопатиштата

Лицемерно и очајнички е Никола Груевски, човекот што ја презадолжи државата за остварување на сопствени лукративни интереси, денес да глуми загриженост за состојбата во економијата, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека економијата стагнира. Од партијата исто така велат дека „лицемерно и очајнички е човекот што договараше и земаше милиони евра провизии...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја потврдува стратегијата за трајно населување на мигранти

Владата на СДС со секој свој чекор ги потврдува своите стратегија и план за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не изградила никаков објект за населување на мигранти. „Неосновани се обвинувањата на СДС и мафтање со дописи од 2012 година, кои првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени...

Граѓани утре ќе протестираат против спорниот хотел во Лагадин

Со почеток точно напладне, утре пред градилиштето на спорниот хотел во охридската населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за Медитеранска плажа, група граѓани ќе одржат протест за одбрана на Лагадин и на охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има цел да...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...