fbpx
Таг: инвестиции

таг: инвестиции

Иран: Со нови договори за експлоатација на нафта до инвестиции од 30 милијарди долари

Иран ги менува условите и начинот на склучување договори со странските енергетски компании, заинтересирани за иранските нафта и гас, во обид да привлече нови инвестиции во висина од околу 30 милијарди американски долари, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, условите во новите договори за експлоатација на нафта ќе бидат многу поповолни за странските инвеститори на кои ќе им биде...

Премиерот Груевски ја посети компанијата „Хуавеи“

Во рамки на посетата на Кина, премиерот Никола Груевски оставрил повеќе средби со сопственици на компании, а го посетил и седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија „Хуавеи“. Владината делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев, остварила средба со раководството на компанија и со генералните менаџери, Џим Лу и Џорџ Жанг. Груевски ги запознал...

Беџети: Економскиот дел од извештајот на ЕК е еден од најточните во последните години

Извештајот на Европската комисија за економскиот дел е еден од најточните и прецизно посочува кои се болните точки во македонската економија, смета професорот и поранешен министер за економија, Абдулменаф Беџети. Според Беџети, извештајот е многу јасен и недвосмислено, без дипломатски речник и без калкулации како ќе биде разбран, ги посочува проблемите и што треба да се прави. - Генералната оцена е...

Економските забелешки на ЕК во извештајот за Македонија

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, значаен дел им е посветен на економските состојби во земјава. Притоа, може да се издвојат следните констатации и забелешки: Македонија има добра клима за развој на функционална пазарна економија; Општо, има постигнато напредок; Позитивни случувања се забележани во однос на зајакнато деловно опкружување; Назадување има во управувањето со јавните финансии; Последните две години има пад на...

Умерен годишен пораст на инвестициите во третиот квартал на 2015 година

Најголемиот дел од расположливите краткорочни показатели за инвестициската активност, упатуваат на умерен годишен пораст на инвестициите во третиот квартал на 2015 година, во услови на солиден пораст на кредитната активност кон корпоративниот сектор и на странските директни инвестиции, како и продолжување на порастот на домашното производство на капитални добра, увозот на производи за инвестиции и пораст на градежната активност, се вели во извештајот на Народна банка. - Исто така, податоците за првите два месеци...

Црногорците „под перница“ чуваат 500 милиони евра

Во Црна Гора, нивото на штедење надвор од банкарскиот сектор изнесува преку половина милијарда евра, оцени аналитичарот и член на управниот однор на банката „Универзал капитал“, Предраг Дрецун. Тој изјави дека црногорската економија е доста апатична кога станува збор за односот кон инвестициите и кон штедењето. - Сè што се штеди, треба да се инвестира за да се создаде нова вредност. Во...

Незири: За субвенции во земјоделството и во сточарството инвестирани 150 милиони евра

Mинистерот за економија, Беким Незири, изјави дека за субвенционирање на земјоделството и на сточарството во 2015 година се инвестирани 150 милиони евра, од кои 35 милиони евра се распределени во општините со кои раководат Албанци. - За 2016 година, оваа сума ќе се зголеми за дополнителни 2 милиони евра и субвенциите за земјоделците Албанци ќе достигнат 37 милиони евра, од предвидените...

СДСМ: Рекордно ниско ниво на странски инвестиции во земјава

Податоците на Народна банка покажуваат катастрофално ниско ниво на странските инвестиции во Македонија, велат од СДСМ во соопштение испратено до јавноста. - Според Народна банка, во јуни и во јули оваа година, странските инвестиции во Македонија биле на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово. Овие поразителни податоци покажуваат дека погрешните политки на Никола...

Странските инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци

Странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во август 2015 година, влегле 27,36 милиони евра инвестиции, што e за околу 2 милиони евра повеќе во споредба со истиот месец лани. На годишно ниво, се забележува пораст од 8,7 проценти.  

62,2 проценти од вработените не се задоволни од платите кај странските инвеститори

Мнозинството вработени кај странските инвеститори (62,2 проценти) сметаат дека не се доволно платени. Истото мислење го делат и мнозинството граѓани (60,5 проценти), опфатени со анкетата за испитување на јавното мислење за странските директни инвестиции, што ја направи Здружението на млади аналитичари и истражувачи на репрезентативен примерок. - Ослободувањето од данокот на добивка за странските директни инвестиции не е оправдано според мнозинството, 52,6 проценти од...

Претседателот Иванов ќе се сретне со членовите на владиниот тим за странски инвестиции

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими членовите на владиниот тим за странски инвестиции. Целта на средбата е координација и усогласување на надворешно-политичките активности, односно на економската дипломатија на македонскиот претседател со активностите на владиниот тим за странски инвестиции. На средбата се очекува да бидат разменети идеи, мислења и иницијативи, за во рамките на дипломатските активности на претседателот Иванов да се засили...

Преку осигурување, граѓаните ќе можат да инвестираат во акции на светските компании

Македонските граѓани ќе можат да вложуваат во вредноста на акциите на најголемите светски компании, преку животното осигурување „лајф инвест“, што е нов производ на „Винер лајф“ и „ВФП фонд менаџмент“. Парите на македонските осигуреници ќе бидат вложени во инвестициски фонд, чии акции котираат на американската, швајцарската и на германската берза. - При создавањето на овој производ, ги имавме искуството и знаењето...

ЕЛЕМ ќе инвестира во автокампот „Ливадиште“ во Струга

ЕЛЕМ планира да инвестира 2,7 милиони денари во обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Со проектот е планирано да се санира електричната инсталација, водоводот, соларниот систем за топла вода, а ќе се обнови и плажата. Освен веќе постоечките приколки, ќе има и кошаркарско и фудбалско игралиште, мини-голф и нови бунгалови.  

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1 процент

Предлозите за нови инвестиции да произлезат од реалниот сектор, забрзани реформи, дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори, како и поврзаност на балканските градови, се клучните компоненти за зголемување на економскиот пораст во земјите од Западен Балкан. Овие предлози ги презентирал претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на Регионалната коморска конференција во Виена. За нив, денеска говореше оперативниот директор на Стопанската комора,...

Од Европскиот фонд со 21 милијарда евра, ќар ќе има и Западен Балкан

Новиот Европски фонд за стратегиско инвестирање - ЕФСИ (SEIF) ќе располага со 21 милијарда евра, но според претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата работа ќе има ефект врз економијата за 15 пати повеќе од тоа, односно околу 215 милијарди евра. Приоритетите се да се креираат нови работни места, да се зголеми економскиот пораст и да се подобри конкурентноста. Земјите од Западен...

Странски инвестиции во март годинава двојно помалку од лани

Директните странски инвестиции во март годинава изнесуваат 20,4 милиони евра, што е двојно помалку во однос на истиот период лани, кога во државата влегле странски инвестиции во вредност од 44 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка во Македонија. Во првиот квартал, приливот на странски капитал достигнал 69 милиони евра и е за околу 40 милиони евра помалку споредено со првиот...

Постигнат договор за фонд за инвестиции на ЕУ

Членките на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за начелно создавање фонд кој би можел да донесе 315 милијарди инвестиции од приватниот и од јавниот сектор за обновување инфраструктура, стимулирање економија и за вработување. По целовечерните преговори, кои завршија изутринава, постигнат е договор за употреба на 21 милијарди евра за институции на ЕУ кои би биле основен капитал за...

Со инвестиции и со вработувања, компаниите да ѝ пркосат на кризата

Со инвестиција од 1,5 милион евра и со 25 нови вработувања за производство на нивниот нов прозвод, „македонско пиво“, компанијата „Кожувчанка“ ѝ пркоси на економската криза. Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, истакна дека кога светот сè уште ги чувствува последиците од економската криза, голема работа е домашна компанија да применува нови инвестиции. - На членовите на семејството Јанчеви, кои ја...

Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не би требалo да се откаже од странските инвестиции и технологии. - Не би смееле, по ниту една цена, да се откажеме од странските инвестиции и технологии, кои би можеле да ни помогнат во економскиот пораст – рече Путин. По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март 2014 година, Западот воведе санкции кон...

Груевски во Рим привлекува италијански инвестиции

Премиерот Никола Груевски и министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, оствариле средба со италијански бизнисмени во Рим. Ним им биле презентирани можностите за инвестирање во Македонија. На средбата присуствувале сопственици и менаџери на компании од повеќе сектори, како автомобилската, електронската, текстилната и дрвната индустрија, но и од енергетскиот сектор. - Дел од нив веќе беа запознаени со условите за инвестирање...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...