fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

Мртов маж пронајден во влез од зграда во Куманово

Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот Октомвриска револуција во Куманово, потврди МВР. Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово е пријавен во 7.35 часот. На местото на настанот увид вршат екипи на крим-техника од МВР, јавното обвинителство и на судска медицина. Дел од медиумите информираат дека телото е...

Талески од притвор распишувал огласи за вработување во Општина Битола

Додека бил во куќен притвор, градоначалникот Владимир Талески распишувал огласи за вработување во општинската администрација, обвинија денеска битолските социјалдемократи, тврдејќи дека вработувањата се незаконски бидејќи не добиле амин од Советот на Битола. Покажувајќи го огласот, советникот Благојче Котевски рече дека станува збор за вработувања на 19 државни службеници. - Ова е огласот за вработување во Општина Битола од 26 август, со...

Талески ќе биде на слобода додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Специјалното јавно обвинителство ќе достави жалба до Врховниот суд по вчерашната одлука на Апелацискиот суд да не го прифати барањето на СЈО за продолжување на притворот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и наместо тоа да му определи мерки за претпазливост - да се јавува во суд двапати неделно. - Постојат две решенија. Првото решение е за барањето на одбраната да се...

Апелација го укина притворот за Талески, му наложи двапати неделно да се пријавува во суд

Наместо куќен притвор, со денешното решение на Апелацискиот суд, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола. „Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т., кој е дел од предметот...

Жерновски: Центарци, вие сте херои!

По прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое објави дека ќе поднесе обвинителен акт за случајот со немирите во Општина Центар, градоначалникот Андреј Жерновски објави статус на својот фејсбук-профил. Тој ги пофали граѓаните на општината. „Центарци, вие сте хероите! Како што ми напишаа на „Твитер“, фантастично е чувството дека правдата е достижна. И навистина е, но за тоа и такво чувство, заслужни се...

ЛДП: На 11 декември да има предвремени избори за градоначалник на Битола

На 11 декември, заедно со предвремените параламентарни избори, да се одржат и предвремени избори за градоначалник на Општина Битола, побараа денеска битолските либерaл-демократи. Според советникот Валентин  Груевски, Битола не функционира нормално по притворањето на градоначалникот Талески. Тој е  во притвор веќе трет месец и никој не знае до кога ќе трае тоа. Затоа Груевски смета дека Талески треба да си...

„Арсена“: Новиот водовод е само предизборен маркетинг и медиумско замајување

Здружението „Арсена“ од Гевгелија, кое со години предупредува дека е загадена водата во овој град, вели дека конкурсот за изградба на нов водоснабдителен систем е само изборен маркетинг на градоначалникот Иван Франгов. Од здружението велат дека ова е четврта по ред медиумска објава на тендер за копање нови бунари за водоснабдување на Гевгелија и доаѓа само еден ден по најавата за...

СЈО да се изјасни дали градоначалникот Tалески има право на потпис од притвор

Битолските советници денеска на седница на Совет расправаат за кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, потпишан од градоначалникот Владимир Талески. Откако градоначалникот го предложил буџетот, сега од дома бара извештај како тој се извршува, потврдуваат службите на Општина Битола. Опозициските партии во Советот побараа оваа точка да се повлече од дневниот ред и да не се дискутира...

Талески се чувствувал „супериорно“ и потпишувал документи од притвор

Немам сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и сметам дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“ по јавната седница во Апелацискиот суд, во врска со продолжувањето на куќниот притвор. Тој...

Жерновски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска точно напладне се појави во Специјалното јавно обвинителство. Тој треба да даде исказ во врска со, како што информираа од општината, случајот со нарачаните шамари и демолирањето на општинските простории во 2013 година. Жерновски пред да влезе во зграда на СЈО не даде изјава за медиумите, но како што е најавено тоа ќе...

СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение порача дека градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на скопјани им должи само оставка. Од партијата сметаат дека за Трајановски поважно било да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби. „Коце треба...

„Д и А Хера Транс“: Погрешен е податокот дека имаме седиште на булевар „Први Мај“

Погрешен е податокот и цртежот дека „Д и А Хера Транс“ ДООЕЛ Битола, свое седиште има на булевар „Први Мај“ и тој „чуден факт“ е целосно спротивен на вистината, реагираат од овој превозник по написите на „Мета“: Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1) и Превозниците ги проширија линиите, а СЈО истрагата...

Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1)

Специјалното јавно обвинителство има нови докази во случајот со превоз на ученици, „Транспортер“, во кој првоосомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, брифираат од ова обвинителство за „Мета“. Според информациите до кои дојдовме, СЈО има испратено триесетина нови барања за увид во документацијата во училиштата во Битола, Министерството за финансии, осомничените превозници... Најголемите манипулации, според СЈО, се правени со тендерите...

Во Боговиње протест против одлуката со водоводот да управува Општината

Жителите од Боговиње четврти пат се собраа пред општинската зграда протестирајќи против одлуката со водоводот да стопанисуваат општинските власти. Велат дека нема да дозволат водоводот да премине во рацете на локалната самоуправа затоа што бил изграден со самопридонес на жителите, кои успешно менаџираат со водоводот повеќе од две децении. - За да го изградиме тој водовод, ние сме ја продале...

ВМРО-ДПМНЕ не открива колку пари чини новото седиште во Битола

Разгранокот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола не открива колку пари платила партијата за новото партиско седиште сместено во строгиот центар на градот. Портпаролот на битолскиот разгранок, Валентина Марковска, на денешната прва прес-конференција во новите партиски простории вели дека нема податоци ниту со колкав простор располагаат, ниту, пак, колку пари се платени за седиштето. Сепак, вети дека тоа ќе го направи...

Жерновски: Добра вест е што ревизорските извештаи за „Скопје 2014“ се во вистински раце

Добрата вест е што денеска сме тука и што овие ревизорски извештаи конечно се во вистински раце и можеме да очекуваме дека правдата ќе биде задоволена, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по исказот што денеска го даде во Специјалното јавно обвинителство во врска со проектот „Скопје 2014“. Тој изјави дека во СЈО ги доставил двата ревизорски извештаи, изработени...

Талески: Ова е наметната постапка

Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) каде денеска беше на распит за случајот „Транспортер“. Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола, Талески рече дека постапките биле транспарентни и оти тоа ќе го докажат. Прашан околу...

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката хајка не ја наруши душевната состојба на Талески

Политичката хајка против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, не ја наруши неговата здравствена и душевна состојба, потврдува Борче Димитровски, првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На денешната прес-конференција, запрашан за физичкото и за психичкото здравје на Талески, Димитровски вели дека е во постојан контакт со него и дека според разговорите што ги воделе, негов впечаток е дека...

Апелација одлучи: Талески останува во куќен притвор

Апелацискиот суд донел одлука градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство, да остане во куќен притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се...

Трајановски: СДСМ врши притисок врз судовите

Претставници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија по денешниот протест доставија декларација за поддршка до судот, со која, како што рекоа, сакаат да му дадат поддршка на судот и да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во името на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои поголем број беа присутни на протестот, рече дека...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...