fbpx

Жерновски: Центарци, вие сте херои!

-

По прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое објави дека ќе поднесе обвинителен акт за случајот со немирите во Општина Центар, градоначалникот Андреј Жерновски објави статус на својот фејсбук-профил.

Тој ги пофали граѓаните на општината.

„Центарци, вие сте хероите!

Како што ми напишаа на „Твитер“, фантастично е чувството дека правдата е достижна. И навистина е, но за тоа и такво чувство, заслужни се многумина од Вас. Се разбира, особено така треба да се чуствуваат центарци.

Денеска треба да се горди сите оние кои на изборите во 2013 година докажаа дека се поистрајни и посилни од власта на Груевски!

Сите оние, кои и покрај бескрајните притисоци, уцени и закани, излегуваа на гласање цели три круга на локалните избори, со што покажаа и докажаа дека волјата на граѓаните е посилна од стапот и од криминалот на власта. Сите оние кои ја натераа излудената власт да демонстрира сила и фрустрација, за што сега конечно ќе одговара пред суд.

Вам, кои со својата истрајност ја натеравте власта да го прикаже своето вистинско криминално и насилно лице, Ви благодарам!

Падот на Груевски почна и ќе заврши во Центар! Ова е голем ден за враќањето на правдата во Македонија. Денеска сме уште еден чекор поблиску до ослободување на нашата Македонија од канџите на режимот.
Продолжуваме понатаму!“, стои во статусот на Жерновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...