fbpx

Трајановски: СДСМ врши притисок врз судовите

-

Претставници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија по денешниот протест доставија декларација за поддршка до судот, со која, како што рекоа, сакаат да му дадат поддршка на судот и да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во името на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои поголем број беа присутни на протестот, рече дека дошле пред судот за да го искажат својот револт од работата на Специјалното јавно обвинителство, кое, како што велат, селективно постапува по предметите.

– Сметаме дека работата на СЈО не е во ред бидејќи осудува и пресудува само членови на една политичка партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека за други осомничени не бара ниту притвори ниту води постапки. Секој што се огрешил пред законот треба да одговара, но во една редовна судска постапка. СЈО работи за Социјалдемократскиот сојуз, кој врши притисок врз Основниот и Апелацискиот суд да ги донесат оние одлуки што ним им одговараат – рече Трајановски, додавајќи дека на овој начин, со вакви постапки, дополнително се заострува политичката криза.

Активистот на ГДОМ, Александар Пандов, рече дека судската власт која е еден од трите главни столба во државата изминатиов период работи под притисок на СДСМ и на Соросовите организации, кои не дејствуваат како Македонци, туку како странци.

– Во судовите изминатиот период се зборува повеќе на странски отколку на македонски јазик. Има луѓе кои дошле таму да вршат притисоци и да ги уценуваат судиите какви одлуки да носат. Ние сме тука да го поддржиме судот и да ги охрабриме судиите да не подлегнуваат на притисоците. Сега неколкумина од нас ќе влезат во судот и ќе достават декларација, но доколку нашите повици не дадат резултат, следниот пат ќе дојдеме во поголем број пред судот, а во него нема да влеземе само неколкумина – рече Пандов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...