fbpx

„Д и А Хера Транс“: Погрешен е податокот дека имаме седиште на булевар „Први Мај“

-

Погрешен е податокот и цртежот дека „Д и А Хера Транс“ ДООЕЛ Битола, свое седиште има на булевар „Први Мај“ и тој „чуден факт“ е целосно спротивен на вистината, реагираат од овој превозник по написите на „Мета“: Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1) и Превозниците ги проширија линиите, а СЈО истрагата зa „Транспортер“ (2).

„Исто така за разлика од некои други правни субјекти кои се споменати во текстот не е направен обид за комуникација со нас, а тоа  е една од причините за неправилно известување во врска со нашиот случај. Како што може да се информирате од СЈО, нашата компанија во целост постапи по барањата на обвинителството, ја достави документацијата и одговорното лице даде своја изјава“, стои во реакцијата од „Д и А Хера Транс“ ДООЕЛ Битола.

Тие реагираат дека околностите кои се изнесени пред СЈО, како и други докази кои се предложени потврдуваат дека нема место за вина од нивна страна.

„Ние сме убедени во критичка оцена на тие факти од страна на јавното обвинителство. Исто така, не зачудува заклучокот дека сме ги прошириле линиите и сме го продолжиле транспортот. Таквите наоди се погрешни, бидејќи во моментот извршуваме превоз врз основа на јавен оглас, односно тендер кој не обврзува, а неисполнувањето на таквите обврски ќе имплицира надомест на штета согласно Законот за облигациони односи“, велат од „Д и А Хера Транс“ ДООЕЛ Битола.

Информациите за адресата на фирмата се наоѓаат на веб-страницата на општина Битола, а таму јасно се гледа дека адресата e Булевар „Први Мај“ бб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...