fbpx
Таг: Франција

таг: Франција

Светските карикатуристи реагираа на нападот врз „Шарли ебдо“

Карикатуристи од сите страни на светот, згрозени од вчерашниот масакр во францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, ги затрупаа социјалните мрежи со цртежи во знак на поддршка на убиените новинари и карикатуристи.

Насловни страници на „Шарли ебдо“ кои го разбрануваа светот

Новинарите и карикатуристите на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ платија со своите животи за тоа што немаа влакна на јазикот, но зад себе оставија десеттина насловни страници на кои без пардон го критикуваа целиот свет. Некој, можеби, би рекол дека особено целеле кон исламот, но тоа е далеку од вистината. Всушност, Исус неколкупати беше „ѕвезда“ на нивните насловни страници, како и...

Нова престрелка во Париз, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци утринава се застрелани во Париз откако вооружен маж во Порт де Шатион отвори оган, обидувајќи да побегне кон метро-станицата. Како што јавуваат француските медиуми, инцидентот се случил околу осум часот утрото, во близина на метро-станицата. Засега не се знае дали престрелката е поврзана со вчерашниот масакр на 12 лица во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, кој го извршија исламски екстремисти. Според првичните...

Снегот ја парализираше Европа

Обилните врнежи од снег предизвикаa голем метеж во Европа, а најмногу се погодени француските Алпи, каде 15.000 лица се завеани. Снежната бура остави околу 100.000 лица без струја, додека на замрзнатите автопатишта во Германија се излизгаа камиони. Во регионот се одложени авионските летови. Во Германија, поради застој на патот во близина на Штутгарт, се формираше колона долга 20 километри, на најголемиот аеродром во земјата, Франкфурт,...

Тешко вооружен маж уапсен во Ница

Француската полиција денеска во Ница уапси тешко вооружен маж. Ова е четврти инцидент во последните четири дена, иако француската полиција ги подигна мерките за безбедност по нападите во Нант и во Дижон. Мажот во Ница е уапсен откако безбедносните камери забележале дека носи ножеви и два пиштола. Како што јавуваат француските медиуми, мажот е уапсен изутринава, но засега не се познати неговите...

Изработен компјутер во форма на коцка

Француската компанија „Кјуб“ направи револуционерен компјутер во облика на коцка, наречен „кјуб“. Компјутерот, со големина од 12 сантиметри од двете страни, е опремен со модерна технологија и е компатибилен со сите периферни уреди, монитори, тастатури и компјутерски глувци, пишува порталот „Инфос-мобајлс“. Како што наведува порталот, компјутерот може да биде испорачан во различни модели и има големи можности, бидејќи „телото“ може да...

Албански мигранти се криеле под новогодишни елки

Француската царина откри 16 државјани на Албанија, скриени меѓу извозните новогодишни елки. Уапсените се обиделе, од Дијеп, на северозападот на Франција, да прејдат во Велика Британија, соопшти денеска полицијата. „Слепите патници“ се пронајдени во камион со двајца возачи од Полска, кои минатиот викенд се подготвувале да се натоварат на брод, кој пловел преку Ла Манш. За време на рутинската царинска контрола, откриена...

Франција: Рација против џихадистите

Француската полиција изврши рација на повеќе локации во земјата и разби мрежа за праќање џихадисти во борбата против Сирија. Елитните антитерористички единици извршија рација на десетина локации, повеќето на југот на земјата околу Тулуз, но и на поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија. Засега не е познато колку луѓе се уапсени во акцијата. Се проценува дека во Франција, во која...

Францускиот парламент неофицијално ја призна Палестина

Долниот дом на Пѓпарламентот на Франција денеска изгласа резолуција за признавање на Палестина и апелираше владата да го направи тоа, со надеж дека тоа ќе ги забрза напорите за ставање крај на деценискиот судир. „За“ гласаа 339 пратеници, а 151 беа „против“. Резолуцијата не е обврзувачка, туку претставува симболичен поттик за Палестинците. Во усвоениот документ се повикува владата да ја признае...

Македонски специјалисти ќе се едуцираат во Лион

Македонски лекари-специјалисти за гастроентерохепатологија, дигестивна хирургија, анестезиологија и за патологија ќе заминат на повеќемесечна едукација во реномираниот францускиот Универзитетски клинички центар во Лион. Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за едукација фокусирана на трансплантација на црн дроб. Едукацијата беше договорена за време на денешната средба на министерот за здравство Никола Тодоров, со проф. Оливие Бојлд, докажан експерт во...

(ВИДЕО) Франција: Еден загинат и тројца исчезнати во поплави

Најмалку едно лице загина, а три се водат за исчезнати во поплавата што ја зафати Југозападна Франција, предизвикана од силните бури, соопштија француските власти. Како што соопшти француското МВР, телото на загинатата жена е пронајдено до автомобил на брегот, а сè уште се трага по нејзината ќерка, за која се претпоставува дека загинала. https://www.youtube.com/watch?v=mApKXUI3ZcE Како што јавуваат француските медиуми, поплавите вчера блокираа околу...

(ВИДЕО) 100 тони фекалии од француските земјоделци за власта

Француските земјоделци истурија околу сто тони фекалии и арско ѓубре пред административните згради за време на нивните протести во Тулуз и во Нан, на 5 ноември. Протестите се одговор на новото европско законодавство, кое го регулира количеството на нитратите. https://www.youtube.com/watch?v=bXa_B3Hl38I

Шекеринска во работна посета на Франција

На покана на француската Социјалистичка партија, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција, информираат од СДСМ. Во Париз, Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои и таа со првиот човек на Социјалистичката партија - првиот секретар Жан Кристоф Камбадели и со неговиот дипломатски советник Пјер Канити. Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во францускиот парламент, а...

Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале

Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат  со илегалните имигранти во реонот на градот Кале. За официјален Лондон, безбедносните работи на француска почва се работа на Франција. Според конзервативниот пратеник Џејмс Броукеншир, проблемот со имигрантите од Африка...

Француски лаборатории ја потврдија листеријата во Македонија

Листеријата потврдена кај македонски производител на сувомеснати производи
Сечканиот вакумиран свински врат на „Екстра меин“ е причина за десет заболени од листерија, од кои пет починаа, потврдија двете француски референтни лаборатории, препорачани од СЗО, соопштија денеска од Министерството за здравство. Резултатите ќе бидат доставени и до Јавното обвинителство за понатамошна постапка, со оглед на тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, претходно поднесе кривична пријава за непознат сторител.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...