fbpx
Таг: еврозона

таг: еврозона

Поголемиот број Германци сметаат дека договорот со Грција е лош

Повеќе од половината Германци сметаат дека договорот со Грција е лош и дека е подобро Атина да ја напушти еврозоната, велат резултатите од најновото истражување. Во истражувањето на агенцијата „Југов“ за германскиот весник „Велт ам зонтаг“, 56 проценти од испитаниците сметаат дека планираниот договор со Грција е лош. Само два проценти сметаат дека е позитивен, додека 27 проценти веруваат дека до...

Крај на грчката драма: Атина и доверителите постигнаа договор

Лидерите од еврозоната постигнаа договор за финансиска помош на Грција, која пет месеци се обидуваше да најде компромис со доверителите. Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, преку „Твитер“ објави дека „едногласно“ е постигнат договор со Грција. „Сè е подготвено за Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи“, напиша Туск. https://twitter.com/eucopresident/status/620486708233129984 Тој истакна дека ќе...

ЕУ ја услови Грција: Или реформи или привремен излез од еврозоната

Самитот на еврозоната продолжи по кратката пауза на која грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше одвоени средби со лидерите за новите предлог-мерки, јавува „Би-Би-Си“. Ципрас се сретна со германската канцеларка, францускиот претседател и со претседателот на ЕУ, во обид да постигнат договор до крајот на денот. Лидерите го разгледале предлогот доставен од министрите за финансии на еврозоната. Во нацрт-пакетот, како што јавува...

Напредок во преговорите меѓу Грција и кредиторите

Министрите за финансии на еврозоната денеска попладне завршија со заседавањето за новите предлог-реформи за Грција, кои би требало да ѝ овозможат финансиска помош. За нерешените прашања вечерва ќе продолжат да разговараат лидерите на 19 земји од еврозоната. Шефот на еврогрупата, која во изминатите два дена заседаваше речиси 15 часа, Јерун Дајселблум, за новинарите изјави дека министрите за финансии минале долг...

Ципрас: Подготвен сум за компромис

Грчкиот премиер изрази оптимизам дека може да се постигне компромисно решение со европските кредитори. Алексис Ципрас, пред почетокот на денешниот Самит на лидери на еврозоната, истакна дека е подготвен за компромис. „Подготвен сум за чесен компромис. Тоа им го должиме на граѓаните на Европа кои сакаат да ја видат обединета, а не распарчена. Можеме денеска да дојдеме до компромис ако сите го...

Грција се надева дека нема да ја исфрлат од еврозоната

Погледите во Грција остануваат завртени кон Брисел. Надежите се дека сценариото за излез од еврозоната полека избледува, пред сè, поради откажувањето на самитот на 28 членки на ЕУ, на чие место ќе се одржи само самит на лидерите на еврозоната. Овој чекор се гледа како прв сигнал дека постои можност да се избегне опасноста за напуштање на еврото, меѓутоа...

Грција достави барање до Дајселблум за итен заем

Грција доставила официјално барање за добивање заем од специјалниот спасувачки фонд на еврозоната, објавија денеска од Европскиот стабилизирачки механизам (ЕСМ), јавува грчкиот весник „Е-Kатимерини“. - ЕСМ доби барање од Грција – соопштија од ЕСМ. Мишел Рејнс, портпаролот на претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, пред малку на „Твитер“ потврди дека пристигнало официјалното барање на Атина за нова помош. „Примено е барање за поддршка од Европскиот...

Хан: Грција треба да се задржи во еврозоната

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Грција треба да се задржи во еврозоната и е уверен оти ќе биде направено сè за тоа да биде така. Хан, во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, истакнал дека сега е важно грчкиот премиер Алексис Ципрас да достави квалитетен предлог до партнерите. Хан истакна дека преговорите меѓу Грција и...

Грција во исчекување на бриселска пресуда

Нов пакет мерки и реформи или излез од еврозоната? Грчкиот тим, предводен од премиерот Алексис Ципрас и од министерот за финансии Евклидис Цакалотос, од денеска почнува нова битка за договор со поповолни услови за грчкиот народ, кој паралелно и ќе го осигури останувањето на државата во еврозоната и ќе ги задоволи барањата на европските кредитори. Охрабрувачки за грчкиот тим беше...

Шеесет отсто од грчкиот јавен долг отпаѓа на членките од еврозоната

Јавниот долг на Грција во моментов изнесува 323 милијарди евра. Најголем удел во европскиот долг имаат земјите-членки на еврозоната, на кои отпаѓа вкупно 60 отсто од долгот. Еврозоната низ Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција ѝ позајми 141,8 милијарди евра и уште дополнителни 52,9 милијарди евра како посебен заем за Грција. Најголем поединечен доверител е Германија, која преку европската програма...

Обама и Меркел: Исклучително е важно Грција да остане дел од еврозоната

Претседателот на САД, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска имале телефонски разговор и се согласиле дека е исклучително важно да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа. „Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и ќе останат во тесна врска“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Волфганг Шојбле: Грција ќе се соочи со големи проблеми во наредните денови

Еврозоната ќе направи сè што е потребно за да се спречи „зараза“ од грчката криза, изјави синоќа германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Според него, Грција ќе се соочи со големи проблеми наредните денови. Но, тој е уверен дека Грција ќе остане членка на еврозоната. Тој, исто така, мисли дека најавата на грчкиот премиер за референдум е дестаблизирачка и депресивна...

Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека е исклучено излегувањето на Грција од еврозоната затоа што тоа не би било разумно решение на должничката криза, а во интервјуто за германските медиуми рече дека реконструкцијата на долгот е единствениот пат напред. „Го исклучуваме „грегзит“ како разумно решение – рече Варуфакис, говорејќи за можното излегување на Грција од еврозоната. Преговорите на Грција...

Инфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

Инфлацијата во еврозоната во мај била поголема од очекуваната, соопштија денеска од европската канцеларија за статистика Евростат. Во соопштението се наведува дека потрошувачките цени во 19 членки на еврозоната во мај пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекувале зголемување од 0,2 отсто. Во податоците на Евростат не се наведени месечните податоци, но на годишно ниво се гледа дека поскапела...

Грција ја очекува хуманитарна криза ако излезе од еврозоната

Грција ќе се соочи со хуманитарна катастрофа доколку излезе од еврозоната, оцени шефот на германската служба за анализа и за процена на економскиот развој, Кристоф Шмит. Шмит, за „Вестдојче алгемајне цајтунг“, изјави дека грчката влада си игра со оган и оти ЕУ не треба да ја слуша Атина која сака да го напушти рефомскиот курс.

Германија против грчкото барање за нов заем

Германија денеска го отфрли грчкото барање за продолжување на финансирањето од еврозоната за шест месеци, оценувајќи дека тоа не претставува вистинско решение и дека не одговара на критериумите поставени од еврозоната, пренесуваат медиумите. Од друга страна, Европската комисија го оцени како „позитивен сигнал“ потегот на официјална Атина, кој, како што наведуваат оттаму, „отвара пат за компромисно решение“. Берлин смета дека финансиската...

Каменос: Грција ќе се сврти кон САД, Русија и кон Кина ако не постигне договор со ЕУ

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, изјави дека Атина би можела да се сврти кон САД, Русија или кон Кина доколку пропаднат преговорите со еврозоната за ублажување на грчката должничка криза. Каменос, претседател на Независни Грци, малцинскиот партнер во новата грчка влада, рече дека Грција мора да има план Б ако еврозоната ги одбие нејзините предлози. Атина се подготвува в среда да...

Статакис: Грција не планира да ја уценува еврозоната

Грција не сака да се врати на состојбата пред кризата, ниту планира да ја уценува еврозоната, соопшти грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис. - Се обидуваме да најдеме најлогично решение за двете состојби, решение кое би ги свело на минимум загубите на европските даночни обврзници - рече Статакис во интервју за „Си-Ен-Ен“. Грчкиот министер наведе дека на Грција ѝ се неопходни...

Ципрас: Еврозоната без Грција или Кипар значи ампутација на Југоисточна Европа

Излегувањето на Грција од еврозоната би било „ампутација на Југоисточна Европа“, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека неговата влада ја зајакнува дипломатската акција насочена кон склучување нов договор за грчкиот долг. Ципрас изјавата ја даде во Кипар, каде разговараше со претседателот Никос Анастасиадис, пред да отпатува за Рим, Париз и за Брисел, каде неделава ќе се обиде да добие...

Претседателот на Европскиот парламент на итна средба со Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, што е прва посета на претставник на ЕУ откако Грција доби нова влада. Покрај Шулц, кој беше првиот претставник од Брисел што му ја честиташе победата на Ципрас, во Атина доаѓа и претседателот на групата министри за финансии на еврозоната, Јерун Дејселблум. Во пресрет на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...