понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: екстрадиција | 112 резултати

Екстрадиран e Никола Константидис

јули 11, 2015

Четириесет и тригодишниот Никола Константидис од Ресен, кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол – Скопје, поради бегство од затворот „Идризово“, вчера е екстрадиран во Македонија, соопшти МВР. Константинидис, кој бил уапсен во Албанија, е осуден на повеќегодишна казна затвор поради сторено кривично дело поврзано со педофилија, полов напад на дете. […]

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во охридскиот локал „Император“

јуни 9, 2015

Албанските власти вчера, на граничниот премин Ќафасан, на македонската полиција ѝ го предале осомничениот за двојното убиство во охридскиот ресторан „Император“, кој по неколкумесечно бегство, кон средината на февруари оваа година беше уапсен во Албанија и до моментот на неговото спроведување во земјава, се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Како што соопштуваат од МВР, осомничениот Б.П. […]

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

април 14, 2015

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари оваа година, бил уапсен на граничниот премин Бајаково, по распишана […]

Криминалецот Алмир Дрпљанин екстрадиран од Косово во Македонија

јануари 27, 2015

Вчера попладне од Косово во Македонија е екстрадиран Алмир Дрпљанин (35) и под силно полициско обезбедување е спроведен во штипскиот затвор на издржување на затворски казни за тешки кривични дела, меѓу кои и за убиството на полицаецот Африм Арифи во 2008 година и за грабежот на 900.000 евра од комби на „Македонски пошти“ во населбата […]

Косово го екстрадираше Алмир Дрпљанин

јануари 26, 2015

Косовската полиција го екстрадираше Алмир Дрпљанин, кој во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на Африм Арифи, припадник на полициските „Алфи“, што го уби пред Природноматематичкиот факултет во Скопје. Дрпљанин беше уапсен пред две години во Урошевац, а попладневно ѝ беше предаден на македонската полиција. За убиството на полицаецот, освен Дрпљанин, […]

Екстрадирана Жанета Баша, осудена за детска проституција

јануари 25, 2015

Министерството за внатрешни работи ја заврши екстрадицијата од Грција на 54-годишната Жанета Баша од Гостивар. Таа е спроведена во затворот „Идризово“ на издржување затворска казна во времетраење од 10 години. Таа се бараше преку Итерпол со меѓународна потерница, распишана по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција во септември минатата […]

МВР: Косовската полиција го екстрадира командант Талибани

ноември 7, 2014

Метин Ислами (33) познат како командант Талибани, осомничен како еден од членовите на терористичката група предводена од Лирим Јакупи-Нацист, е екстрадиран од Косово и е предаден на македонската полиција. Екстрадициската постапка на Ислами, како што иноформираат од МВР, траела повеќе од една година. – Со највисок степен на обезбедување, Метин Ислами, познат како командант Талибани, […]

САД бараат Полска да го уапси Полански

октомври 30, 2014

САД побараа Полска да го уапси режисерот Роман Полански, кој пред 36 години ја напушти Америка поради обвинението за наводно силување на малолетно девојче. Полански пристигна во Варшава за отворањето на Музејот на полските Евреи. – Не станува збор за барање за екстрадиција, туку за апсење кое би овозможило почнување на процедурата за екстрадиција – соопшти за „Газета“ […]

Страна 6 од 6