Таг: екстрадиција
таг: екстрадиција
Екстрадиција: Што треба и од кои земји може да се бара?
Министерството за правда попладнево соопшти дека ќе чека официјално известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во бегство, па дури ќе може да се помине кон постапката за екстрадиција. Но станува збор за малку подолга постапка
„Прво треба да добиеме известување од Министерството за внатрешни работи дека лицето е лоцирано, па дури...
Меѓународна потерница за Груевски откако судот ќе потврди дека е во Будимпешта
Од Кривичниот суд чекаат да се потврди информацијата дека осудениот пратеник Никола Груевски е во Будимпешта, па потоа ќе издадат наредба за распишување на меѓународна потерница.
„Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта,...
Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на двајца обвинети во „Монструм“
Од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 утрово пристигнало писмо со известување дека и официјално е започната постапката за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово.
Во мај судењето за „Монструм“ почна од почеток, откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро...
На Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Трезор“
По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. На обвинетиот ексначалник во УБК Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство.
На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет.
Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ одлучи да не го чека известувањето на...
Врховниот суд на Грција одлучи да нема екстрадиција за Грујевски и Бошковски
Горан Грујевски и Никола Бошковски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување.
Врховниот суд во Атина одлучил дека двајцата не треба да бидат испорачани во земјава бидејќи нема услови тука да им се овозможи фер судење.
Претходно судот во Солун одлучи спротивно од Врховниот суд во Атина. Тамошниот суд пресече дека тие треба...
Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај
Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати.
Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е...
Рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски одложено за 26 април
Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април.
Денешното рочиште, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше прекинато поради правни прашања.
По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата по одлуката на Судот во...
Рочиштето за жалбите на Грујевски и Бошковски во Атина одложено за 2 март
Врховниот суд во Атина го одложи за 2 март рочиштето на кое треба да се разгледува жалбата на одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јавува Македонската информативна агенција (МИА).
Грујевски и Бошковски биле денеска во судот во Атина заедно со нивните адвокати.
Советот на судии во Солун на...
Солунскиот суд даде зелено светло за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Советот на судии во Солун донел одлука поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, јавува солунскиот портал „Вориа“.
Според истиот извор, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети поднеле жалби на одлуката до Врховниот суд во Грција.
Како што пишува „Вориа“, Грујевски и Бошковски барале сослушувањето да бидe пред...
Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски одложена за 5 јануари
На 5 јануари конечно може ќе биде познато дали поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во земјава. За тогаш е одложено објавувањето на пресудата на судот во Солун за барањето на македонските власти, јавува „Алсат М“.
Пресудата требаше да биде објавена денеска, но Грујевски и Бошковски се пожалиле дека не ја разбираат преведувачката која...
Судот во Солун следната среда треба да ја соопшти одлуката за Грујовски и Бошковски
Судот во Солун се очекува во среда следната недела да ја соопшти одлуката дали ќе го прифати барањето на македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, пренесува „Алсат М“.
Денешното рочиште траело речиси четири часа и се одвивало...
Почна рочиштето за екстрадицијата на Грујовски и Бошковски во судот во Солун
Во судот во Солун денеска почна рочиштето по барањето на македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
Адвокатот Петар Василев за државната новинска агенција МИА изјавил дека судењето почнало, но дека рочиштето е затворено во јавност. Во меѓувреме,...
Рочиштето за екстрадицијата на Грујовски и на Бошковски одложено за 13 декември
Судот во Солун за 13 декември го одложи рочиштето за одговор на барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на поранешните функционери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“ на СЈО.
Рочиштето, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи била отсутна адвоката од адвокатскиот...
Саљији: Деновиве ќе биде испратено барањето за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски
Министерот за правда, Билен Саљији, денеска потврди дека министерството ја добило од Кривичниот суд документацијата за екстрадиција на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, од Грција во Македонија и дека деновиве официјално ќе биде потпишано и доставено барањето за екстрадиција до грчките власти.
Саљији денеска присуствуваше на презентацијата на извештајот за соработка со француската Национална академија за...
Судот нема да чека екстрадиција, ќе му суди на Грујовски во отсуство за „Тврдина 2“
Кривичниот суд нема да ја чека екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е првообвинет во случајот „Тврдина 2“, и ќе му се суди во отсуство, одлучи денеска судијката Лидија Петровска.
Таа, на денешната главна расправа, го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујовски, судењето да се одложи на неопределено време, додека не се заврши неговата...
Судот ја комплетирал документацијата за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски
Кривичниот суд во Скопје ја комплетирал потребната документација за екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, од Грција во земјава и ја доставил до Министерството за правда.
Грујовски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври на аеродромот во Солун, досека со лажни бугарски пасоши се обидувале да отпатуваат за Будимпешта. Тие во моментов се во екстрадициски...
Спасовски: Имаме многу информации за логистиката на Грујовски и на Бошковски
Министерството за внатрешни работи има многу податоци за логистичката поддршка што поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, ја имале од лица во земјава, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на меѓународната конференција „Приватна и јавна безбедност - соработка и партнерство“, што се одржа на Факултетот за безбедност во...
Заев не очекува Грција да ја попречи екстрадицијата на Грујовски и на Бошкоски
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Грција од политички причини да ја попречи екстрадицијата на Горан Грујовски и на Никола Бошкоски, за кои е распишана меѓународна потерница и кои Специјалното јавно обвинителство ги обвини за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев истакна дека Македонија има воспоставено соработка со Грција и дека очекува...
Владата очекува да бидат испочитувани роковите за екстрадиција
Владата очекува дека ќе бидат испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, за екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои завчера беа уапсени на аеродромот во Солун со фалсификувани пасоши.
– Би сакал да Ве упатам прво...
Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошковски
Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и на неговиот колега од УБК, Никола Бошковски, од Грција во Македонија, пишуваат грчките медиуми.
Грујовски и Бошковски, според истите извори, денеска треба да бидат изведени пред суд во Солун, во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат...