недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен завод за ревизија | 78 резултати

ДЗР: За две децении се испразниле речиси 60 села, ни требаат мерки за рамномерен регионален развој

април 7, 2023

Во државата има 205 испразнети населени места/села и во однос на 2002 година нивниот број е зголемен за 40 отсто, односно уште 58 села останале без ниту еден жител. Во Скопскиот регион се создава 43 проценти од вкупниот БДП, додека Североисточниот регион има највисока стапка на невработеност од 32,4 отсто. Карактеристично е што 83 проценти […]

Фондот за иновации за две години потрошил 750.000 евра на хонорарци, утврдиле ревизорите

март 9, 2023

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај за Фонд за иновации и технолошки развој за периодот од 2019 до 2021 година, а во однос на кофинансираните грантови за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој. Извештајот за работата на Фондот во овој сегмент, според она што го утврдиле ревизорите, изобилува […]

Државен завод за ревизија: ФЗО исплаќало породилно додека осигуреници примале плата

февруари 10, 2023

Низа пропусти при издавањето лекови, исплата на надоместок за породилно отсуство додека осигуреници земале плата, необезбедени доволно здравствени услуги за дијагностицирање ковид-19 на товар на Фондот. Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдиле државните ревизори, а се наведени во извештајот кој денеска го објави Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува на финансиските […]

За три години пожарите проголталe 3% од шумската површина, ревизорите утврдија серија слабости

февруари 2, 2023

Шумските пожари што ја зафатија Македонија во периодот од 2019 до 2021 година уништиle 29.224,51 хектари шумска површина, што претставува 3% од целокупната површина под шуми што ја има земјава. Огромните штети доведоа до уништување на дрвна маса од 594.008 кубни метри. Овие податоци се наведени во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за […]

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

декември 15, 2022

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за […]

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

декември 13, 2022

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за […]

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

септември 6, 2022

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа […]

Ревизорите утврдија дека клучните инфраструктурни проекти се градат споро и со бројни проблеми

август 4, 2022

Според заклучокот од Конечниот извештај кој денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој се анализира застојот и бавната динамика на работите на 11 стратешки инфраструктурни проекти во земјава, трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци. Дополнително, некои од договорите […]

ДЗР: За две години, граѓаните во приватното здравство прелеале 18,6 милиони евра за ковид тестови

јули 22, 2022

Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, покажа ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на за 2020 година. Како што стои во објавата на ревизорите, […]

Државниот инспекторат за животна средина ќе вработи тројца нови инспектори, потребни се уште повеќе

април 19, 2022

Државниот инспекторат за животна средина и годинава ќе добие тројца нови инспектори, откако на огласот кој беше распишан минатата година беа вработени двајца. Сепак и со нив, оваа институција ќе биде многу далеку од бројот на вработени кој навистина ѝ е потребен за да може ефикасно да функционира. Илјадници објекти низ целата држава во моментов […]

ДЗР: Буџетските корисници да ја достават годишната завршната сметка до крајот на месец февруари

февруари 15, 2022

Државниот завод за ревизија ги потсетува буџетските корисници дека се должни да бидат транспарентни и да ги достават завршните сметки. „Со цел навремено и транспарентно информирање на субјектите кои имаат законска обврска до Државниот завод за ревизија да ја достават Годишната/Завршната сметка согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на Република […]

Наместо 44, граѓаните плаќале 81 евро за секој мегават електрична енергија произведен од мала хидроелектрана

декември 21, 2021

Малите хидроелектрани минатата година произвеле само 195,7 гигават часови електрична енергија и учествувале само со четири отсто во вкупното домашно производство. Сепак, тоа не значи дека работеле непрофитабилно, бидејќи на концесионерите од 2012 година па досега им се платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност на произведената енергија, поради користење на законски […]

Ревизорите бараат учесниците на изборите до 4 ноември да достават извештај за трошоците во кампањата

ноември 2, 2021

На веб-страницата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) засега се објавени само седум извештаи, а до ревизорите најдоцна до 4 ноември сите учесници во изборната кампања треба да достават Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборната кампања. Овој извештај до ревизорите треба да го покрие периодот од денот […]

Ревизорите бараат да се запре исплатата на буџетски пари за изборната кампања на учесниците кои не ги откриваат донаторите

октомври 22, 2021

Дури 84 од 122 учесници во изборната кампања на локалните избори во земјава не доставиле Извештаи во законски пропишаниот рок или со законски пропишаната содржина до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Поради ова, ревизорите поднесоа предлог до Државната изборна комисија (ДИК) за запирање на исплатата на средствата од државниот буџет за надомест на трошоците за […]

Загубите на вода за пиење во водоводните системи низ земјава лани биле намалени за 2,7 отсто [инфографик]

мај 3, 2021

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи низ земјава лани бил намален за 2,7 отсто. Расте свесноста на јавните комунални претпријатија низ земјава за важноста да се намалат загубите на вода за пиење, кои во 2018 година изнесуваа 67,55 отсто, додека во 2020 година се намалени на 61,94 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за […]

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење [инфографик]

јануари 30, 2021

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел […]

Обложувалниците и автомат клубовите „никнуваат“ како печурки

октомври 23, 2020

Драстичен пораст на бројот на обложувалници и автомат клубови има во периодот 2016-2019 година. Според податоците од новиот извештај на Државниот завод за ревизија за усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија бројот на автомат клубови пораснал од 131 во 2016 година на 257 во 2019 година, а бројот на обложувалници во истиот период […]

ДЗР: СЈО во периодот од 2016 до 2019 незаконски исплатило над 46 илјади евра за надоместоци од плата

септември 29, 2020

Во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година Специјалното јавно обвинителство на своите вработени исплатило за „други“ надеместоци од плата дополнителни 282.896.000 денари или 46.338 евра, надвор од законската регулатива. Износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице, констатирале ревизорите во извештајот „Плати и додатоци на плати […]

ДЗР: Потребно е унапредување на системот за финансирање и квалитет на високото образование

мај 13, 2020

Активностите на државните органи надлежни за спроведување на образовната политика и политиката за вработување не се доволно ефективни за осигурување на вработувањето на високообразовниот кадар на пaзарот на труд во РСМ, утврдил Државниот завод за ревизија. Оттаму посочуваат дека нема доволно регулаторни механизми за зајакнување на врската помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд […]

Државните ревизори откриле неправилности околу парите и имотите на политичките партии

мај 8, 2020

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави Конечните извештаи за извршена ревизија на Финансиските извештаи за 2018 година на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Забележани се неправилности околу недвижниот имот и тековите на парите, односно приходите и расходите, со акцент на уплатата на членарината. За сите три политички партии е изразено мислење со резерва во […]

Страна 3 од 4