fbpx

Изградбата на автопатиштата доцни, а трошоците се зголемуваат, констатира ДЗР

-

Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови – април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија.

Делницата на автопатот во западниот дел од земјава е со должина од 57 километри и е со првична вредност од 374 милиони евра. Вториот автопат, во источна Македонија, е долг 47 километри и има првична вредност од 206 милиони евра. Двата проекта се финансираат преку кредит од кинеската „Ексим банка“.

Државиот завод за ревизија, по увидот во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите утврдила дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на финансиската реализација.

– Со извршената споредба на планот за повлекување на средствата од Јавното претпријатие за државни патишта, доставен до кинеската банка, за двата проекти за изградба на автопатиштата, по датуми и износи и реалното повлекување на средствата на база на времени ситуации, може да се констатира дека постои значително отстапување, кое укажува дека изградбата на автопатотот не се одвива согласно планот, односно има задоцнување поради што изградбата на двете делници нема да се реализира во предвидениот рок – се вели во ревизорскиот извештај.

Ревизорите констатирале и голем број на неусогласености помеѓу проектната документација и состојбата на терен што предизвикува големи корекции во истата.

Според ревизорите досега се платени 17 милиони евра повеќе за негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој бил склучен договорот со кинеската банка (плаќањето во американски долари), а од друга страна ЈП за државни патиштата овие негативни курсни разлики ги прикажувала како трошок, а не како вредност на инвестицијата. Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во вкупен износ од 580 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...