вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: џихадисти | 65 резултати

Уапсено цело семејство кое планирало да се приклучи на џихадистите

1 април 2015

Шпанската полиција уапси четиричлено семејство, вклучувајќи и 16-годишни близнаци, кои планирале да заминат во Сирија и да станат џихадисти. Во соопштението од шпанските власти се наведува дека родителите и синовите се од мароканска националност, а се уапсени во Бадалона, во близина на Барселона. Според Министерството за надворешни работи на Шпанија, постариот брат минатата година ѝ се придружил […]

Шпанскиот суд одби кауција за џихадистите

16 март 2015

Судот во Шпанија ја отфрли можноста за кауција на седумте осомничени припадници на џихадистичка ќелија која, наводно, барала извршување напади во земјата и регрутирала борци за Исламска држава во Ирак и во Сирија. Судијата на Националниот суд, Хавиер Гомез Бермудез, ги испитал осомничените, по што еден од нив ослободил, додека на другите им го продолжил притворот. […]

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

2 март 2015

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони. Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град […]

Шпанија: Четири лица уапсени за регрутирање џихадисти

24 февруари 2015

Шпанската полиција уапси четири лица, осомничени дека помагале во регрутирање џихадистички милитанти, особено жени, и дека ја ширеле пропагандата за Исламска држава. Полицијата досега уапси десетина џихадистички милитанти и лица кои регрутирале нови членови, особено околу Мелиља и во Суета, двата града што се граничат со Мароко.

Франција: Одземени пасоши на џихадисти кои сакале да заминат за Сирија

23 февруари 2015

Француските власти им ги одзедоа пасошите на шест државјани кои, наводно, планирале да им се придружат на џихадистите во Сирија. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев, соопшти дека тајните служби се уверени дека мажите планирале да им се приклучат на силите на Исламска држава. Одземањето на патните исправи е дел од антитерористичките мерки што Франција ги воведе […]

Јордан ѝ одговори на ИД со бесење на двајца џихадисти

4 февруари 2015

Јорданските власти рано изутринава ја обесија ирачката терористка Саџида ар Ришави, за која Исламска држава инсистираше да се ослободи како замена за јордански пилот Муат ал Касасбех. Егзекуцијата на Ар Ришави и на високиот претставник на Ал Каеда, Зијад ал Карбули, кој беше осуден на смрт за повеќе напади, е одговор на ликвидацијата на јорданскиот […]

Кери: Убиени се половина од лидерите на ИД

23 јануари 2015

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на состанокот на министрите за надворешни работи кои се борат против Исламската држава изјави дека Ирак и партнерите од Меѓународната коалиција оствариле значајни цели во борбата против џихадистите од ИД и дека убиле повеќе од илјада од нивните броци, односно половина од нивните лидери. На состанокот, кој се одржа вчера […]

Франција: Поранешни војници се приклучиле на џихадистите

22 јануари 2015

Десетина поранешни француски војници, повеќето од нив поранешни членови на елитните единици и на Легијата на странци, им се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, соопштија извори од француското министерство за одбрана. – Проценивме дека десетина поранешни војници се приклучиле кон овие мрежи… Наша грижа не се поранешните војници…, туку да се спречи […]

Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти

21 јануари 2015

Француските власти ќе надгледуваат околу 3.000 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористички мрежи, соопшти премиерот на Франција, Мануел Валс, додавајќи дека тоа е дел од новите владини мерки за сузбивање на радикалниот исламизам во земјата. Влас најави ангажирање на дополнителни 2.680 припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби за да се зголеми […]

Белгија: Полицијата била мета на убиените осомничени џихадисти

16 јануари 2015

Сè уште тече истрагата во џихадистичките кругови во Белгија по вчерашниот упад во пекарница во градот Вервие, во кој, наводно, се криеле џихадисти вратени од Сирија. Полицијата во акцијата уби две лица, кои сè уште не се идентификувани. Третото лице беше приведено, неговиот идентитет не се открива, но тој ги отфрла сите обвинувања за инволираност […]

Валс: 1.400 Французи се приклучиле на џихадистите

12 јануари 2015

Околу 1.400 Французи или лица што имаат престој во Франција веќе заминале или се спремни да отидат и да се борат во Сирија или во Ирак, а 70 загинале на боиштата, соопшти францускиот премиер Мануел Валс. Податоците покажуваат зголемување на бројката во споредба со процената на владата од пред неколку недели, кога се споменуваа 1.200 борци […]

Курдските сили убија околу 60 џихадисти на ИД

25 декември 2014

Околу 60 екстремисти на Исламска држава биле убиени денеска во судир со курдските сили на северот на Сирија, соопштила сириската Опсерваторија за човекови права, пренесуваат медиумите. Во судирот кој избувна во градот Касијаб во провинцијата Касака, на североистокот на Сирија, курдските сили успеале, по дводневни борби, да го заземат градот кој беше под контрола на […]

Сирија: Повеќе од 1.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите врз ИД

23 декември 2014

Повеќе од 1.100 џихадисти се убиени во Сирија од почетокот на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на организацијата, собрани од активисти и од жители на Сирија, од почетокот на воздухопловната кампања, 1.171 лице загинало, од кои 1.119 биле членови на […]

Франција: Рација против џихадистите

15 декември 2014

Француската полиција изврши рација на повеќе локации во земјата и разби мрежа за праќање џихадисти во борбата против Сирија. Елитните антитерористички единици извршија рација на десетина локации, повеќето на југот на земјата околу Тулуз, но и на поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија. Засега не е познато колку луѓе се уапсени во акцијата. […]

Јанкулоска: Загрижува регрутирањето странски борци во ИСИС

12 декември 2014

Петнаесетина лица од Македонија, како доброволци – џихадисти, загинале во воените конфликти во Сирија и во Ирак, откако од средината на 2012 година било регистрирано заминувањето на лица од земјава во овие воени жаришта, било речено, меѓу другото, во обраќањето на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на министерскиот форум за внатрешни работи и за […]

Данската влада финансиски помагала борци на ИСИС

28 ноември 2014

Повеќе од дваесетина џихадисти добиваат надоместоци од данската влада како финансиска помош за невработени, додека се борат за Исламската држава во Сирија, објавија локалните дански медиуми, повикувајќи се на дански безбедносни служби. Според медиумите, од 28 Данци идентификувани од страна на националните безбедносни служби, за 15 е докажано дека земале финансиска помош, за осум лица сè уште е во тек […]

Австрија: Уапсени 13 осомничени џихадисти

28 ноември 2014

Тринаесет лица се уапсени во Австрија под сомневање дека се џихадисти и оти се обиделе да врбуваат млади лица да се приклучат кон радикалните исламистички групи во Сирија, соопштија австриските власти. Како што јавуваат австриските медиуми, во рамките на акцијата за справување со исламистичките борци, околу 500 полицајци извршиле претрес на џамии и на молитвени […]

Во Бугарија уапсени седум лица за поврзаност со ИСИС

26 ноември 2014

Седум лица во Бугарија се обвинети дека пропагирале „антидемократската идеологија на Исламската држава“. Како што соопшти Обвинителството, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед. Бугарските власти на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вчера спроведоа акција, а јавниот обвинител Сотир Цацаров изјави дека вчерашната акција била планирана […]

ИСИС од откуп зела помеѓу 35 и 45 милиони долари

25 ноември 2014

Меѓу 35 и 45 милиони долари зела Исламската држава од откуп, изјави експертот на ОН, Јоцна Лалџи. Приближно 120 милиони долари им биле исплатени на терористичките групу меѓу 2004 и 2012 година. Лалџи прецизира дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, од откупи добила 20 милиони долари, а Ал […]

ИСИС има 200.000 борци

17 ноември 2014

ИСИС има повеќе од 200.000 борци, соопшти кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, а бројката е шестпати поголема од таа што ја соопшти ЦИА. Тој наведе дека големиот број борци ѝ овозможува на милитантната организација да војува на повеќе различни воени полиња. Според Барзани, претходната процена на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 […]

Страна 3 од 4