fbpx
Таг: Ден на македонскиот јазик

таг: Ден на македонскиот јазик

Цитати од познати македонски автори блеснаа во ноќта низ градовите [галерија]

Видеопроекции на цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура и за македонската самобитност, синоќа силно блеснаа низ градовите во земјава. Како завршен дел од целодневната програма за одбележување на Денот на македонскиот јазик, Министерството за култура ги осветли со зборови препознатливите локации: Скопското Кале и Собранието на РС Македонија во Скопје, Самоилова тврдина во Охрид,...

Да се воведе државна награда „Блаже Конески“

Културно-едукативниот центар „Небрегово“ бара да се воведе државна награда „Блаже Конески“, како и стипендија за талентираните ученици и студенти за изучување на делото на великанот Конески и на македонскиот јазик. Денеска пред родната куќа на Конески во Небрегово, по повод Денот на македонскиот јазик, ученици од прилепското основно училиште кое го носи името на кодификаторот на македонскиот современ јазик,...

Државниот врв со честитки за одбележувањето на Денот на македонскиот јазик

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик, а по тој повод честитки упати македонскиот државен врв. Претседателот Стево Пендаровски денеска испрати порака дека македонскиот јазик е заштитник на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие, ден кога ја славиме нашата посебност. Пендаровски вели дека македонскиот јазик е чувар на нашата колективна меморија, вечниот паметник на нашето...

Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја

Денеска, на 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. По тој повод, британскиот амбасадор Метју Лосон објави видео на кое зборува на македонски и вели дека му е чест што има можност да го учи јазикот. „Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Како британски амбасадор, чест ми е што имав можност да го научам македонскиот јазик и да...

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик започнува утре на УКИМ

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај оваа година ќе започне на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со настан посветен на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), информираат од МСМЈЛК. На настанот кој ќе се одржи утре во Ректоратот на УКИМ, со почеток во 10:30 часот ќе се обрати...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...