сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: деловник | 27 резултати

Богоевски: Нема повреда на Деловникот на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

14 март 2018

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски рече дека комисијата може да заседава ако тоа го побара претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој објасни дека најпрво треба да има повреда на Деловникот, односно да не се разгледуваат амандманите, па потоа Комисијата да го каже нејзиниот став. „Немаме наводна поврeда на Деловникот, на која […]

Димовски: Собранието не може да го избегне разгледувањето на амандманите

30 јануари 2018

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, смета дека Собранието не може да го избегне разгледувањето на поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците, а ако тоа се случи, би било целосно погазување на Уставот и на уставниот поредок. – Тоа ќе е конечно згазување на функцијата на Собранието. Мојот апел до претседателот на Собранието, Талат Џафери […]

Комисиската расправа за буџетот одложена по петти пат

5 декември 2017

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, кое беше закажано за денеска во 11 часот, се одложува по петти пат. „Се одложува продолжението на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води претрес по предлог-буџетот за 2018 година, свикано за денеска со почеток во 11 часот“, известија од Собрание. Според деловникот, расправата […]

Кривична пријава за велешкиот градоначалник Чадиев поради одморалиште во Горно Врановци

11 септември 2017

СВР Велес поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на општина Велес, Славчо Чадиев, поради постапка што ја направил како претседавач на Советот на Општина Велес во 2012 година. СВР го товари за прекршување на деловникот на Општината, во врска со предавањето на синдикалното одморалиште од Општина Велес на Општина Чашка. Според соопштението од Секторот за […]

МОСТ: Најдолгата конститутивна седница ја овозможија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

18 август 2017

За прв пат во историјата на парламентарна Република Македонија конститутивната седница на Собранието траела 22 работни дена во период од 5 месеци, наспроти вообичаените 1 до 2 дена. Причината за ова е злоупотребата на сите видови обраќања од пратениците: дискусија, реплика, контра-реплика и процедурално обраќање. Сите пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ (51) се јавиле за збор, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира 10 пратенички групи во Собранието

6 јули 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите во Собранието соопшти дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според дописот, ВМРО-ДПМНЕ бара девет од групите да бројат по пет пратеници, а една да има шест члена. На првата група од шест члена, координатор ќе биде Илија Димовски. На втората […]

Илиоски: Со изборот на Џафери, СДСМ ги погази Уставот и волјата на народот

10 мај 2017

СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избраа Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието и покажаа дека се подготвени да ги погазат и Уставот и волјата на народот за да ги платат политичките фактури од албанските партии и да ја реализираат албанската платформа, обвини денеска на партиска прес-конференција Зоран Илиоски, пратеник и член на извршниот […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите, наместо да продолжува со лаги

6 мај 2017

„ВМРО-ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција, која ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжува со лагите за личните интереси на Никола Груевски“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Оттаму велат дека демократските процеси се одвиваат во согласност си Уставот, законите и со деловникот. „Тоа […]

Груевски на „Фејсбук“: Изборот на Џафери за спикер е диктаторски акт

3 мај 2017

Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и на деловникот на Собранието и сè што во иднина би се донело со негово учество, потпис ќе биде плод на диктаторски акт за назначување претседател на Собранието, напиша денеска на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „Во демократско општество, […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Мисовски и Мухиќ ги испровоцираа граѓаните и мора кривично да одговараат

2 мај 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржал седница на која се расправало за актуелната политичка состојба, информираат од партијата. Оттаму велат дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудил нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, кој, според партијата, претставува насилство врз институциите, пред сè Уставот, законите и пропишаниот деловник. „Непочитувањето на Уставот е непочитување на […]

Груевски: Ќе има сериозна реакција ако СДСМ се обиде да го прекрши деловникот

9 април 2017

ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и соодветно доколку СДСМ се обиде да го прекрши деловникот на Собранието на Република Македонија за да назначи негов претседател, а и народот нема да остане со скрстени раце, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. – Доколку СДСМ влезе во сценарио на неправно, незаконско, недемократско и неделовничко однесување во парламентот, […]

Ѓорчев: СДСМ не може да ги спречи пријавените пратеници да дискутираат

8 април 2017

СДСМ не може врз ниту една основа да им го одземе правото на преостанатите 45 пратеници во Собранието на Македонија да говорат по точката од дневен ред, само затоа што на СДСМ не им се допаѓаат нивните дискусии, порача денеска на партиска прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој обвини дека СДСМ сака да го прекрши […]

Данев: СДСМ не успеа да направи пуч и да ги замолчи пратениците

7 април 2017

СДСМ вчера не успеа да изврши пуч во Собранието и со прекршување на Уставот на Република Македонија и на деловникот за работа на Собранието, да го одземе најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор и на дискусија, порача на партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Драган Данев. Тој обвини дека неговите колеги од […]

Спасовски: Вељаноски на најгруб начин ја узурпира позицијата претседавач

6 април 2017

„Парламентарното мнозинство побара да се стави на гласање преминувањето на наредната точка на дневен ред за да се одблокира Собранието и да се избере претседател“, рече пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, на прес-конференција во Собранието. – Наместо тоа, Трајко Вељаноски на најгруб начин покажа како се узурпира позицијата претседавач и како се крши деловникот. Премногу […]

ЗНМ: Спикерот на Собранието сака да го контролира протeкот на информации

23 септември 2016

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). – Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да го контролира протекот на информациите и селективно да ги пренесува […]

Ад хок телото ќе носи одлуки со кворум од тројца членови

13 септември 2016

Ад хок телото за надзор на работата на медиумите го усвои деловникот за работа, според кој, еден медиум ќе може да се казни доколку така одлучат тројца од петте членови на привременото тело. За одржување седница, исто така, ќе биде потребен кворум од тројца членови кои доколку сакаат да донесат одлука, ќе треба да бидат едногласни. […]

ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот

18 март 2016

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на некои одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд. Како што стои во соопштението на ФРОДЕМ, со оваа иницијатива бараат да се поништат  одредби од деловникот на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за […]

Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

15 март 2016

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста. Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни. Неофицијално, […]

До понеделник список на сведоци за Анкетната комисија за личните карти

28 јануари 2016

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи денеска го изгласаа деловникот и планот за работа на комисијата. Членовите на комисијата го поддржаа барањето на независната пратеничка Солза Грчева за и независниот пратеник да има право да предложи сведоци. Тие се согласија до понеделник сите да […]

Ставрески денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија

17 декември 2015

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска во 14.30 часот треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Се очекува министерот за финансии, како и премиерот, да се повика на член 4, став 4 од деловникот за работа на комисијата и седницата да биде затворена. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од […]

Страна 1 од 2