Таг: Буча
таг: Буча
Украина одбележува годишнина од рускиот масакр врз жителите на Буча
За 33 дена окупација, повеќе од 175 луѓе беа пронајдени во масовни гробници и во комори за мачење во Буча, а беа извршени 9.000 руски воени злосторства. Ова е денешната порака која украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Телеграм ја испрати по повод одбележувањето на годишнината од откривањето на рускиот масакр врз жителите на овој град во околината на Кијив,...
„Лесја Украинка“ организира митинг по повoд една година од масакрот во Буча
Здружението на Украинците во Северна Македонија „Лесја Украинка“, во петок на 31 март со почеток во 16:30 часот организира митинг кај споменикот на Тарас Шевченко во паркот „Жена борец“ во Скопје, по повод одбележување една година од бучанската трагедија. Од „Лесја Украинка“ ги повикаа граѓаните да го поддржат настанот.
Русија беше обвинета за воени злосторства по масакрот во градот Буча....
Кавадарци се збратими со украинскиот град Буча кој беше разурнат од руската агресија
Украинскиот град Буча, кој беше разурнат како последица на руската агресија, и Кавадарци денеска официјално се побратимија. Градоначалникот Митко Јанчев ја прими делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса Дир, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци.
Заедно со нив беше и заменик градоначалникот на Општина Буча, Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од...
Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин, каде руските војски извршија масакр на стотици цивили во текот на нивната окупација, соопшти Собранието...
Вистиномер: Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства
Сателитските снимки од теренот, кои беа објавени од страна на медиумите, покажуваат дека некои од телата на убиените во Буча биле во иста позиција со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била отстранета од атмосферски настани во моментот кога се направени фотографиите и кога новинарите влегле во Буча, предградие на Киев во Украина,...
Вистиномер: Манипулација е да се тврди дека мртвите тела во Буча се исценирани
Тврдењето дека мртвите во Буча се исценирани се базира на фотографија на која се гледаат оштетени неколку автомобили и едно оклопно возило, а во позадина, наводно прозорците на околните згради биле неоштетени. Фотографијата не е можно да била снимена во Буча, бидејќи истата е објавена на 30 март, додека руските трупи се уште го држеа под контрола градот Буча....
Вистиномер: На видеата од Буча, Украина, нема исценирани тела кои мрдаат
На споделуваното видео, наместо „труп кој ја помрднува раката”, се гледа дамка на стаклото на автомобилот. Раката е непомрдната исто како и починатото тело на асфалтот, меѓутоа дамката на стаклото се помрднува, во исто време како што се движи и автомобилот. Истото објаснување го објавија и проверувачите на факти на Би Би Си, а со слична анализа излезе и...
Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на Русите со која се потврдува масакрот во Буча
Германското разузнавање пресретнало радиокомуникација на руската војска во врска со убиствата на цивили во Буча, Украина, каде беше извршен масакр на стотици граѓани. Изгледа дека ова злосторство било дел од план, пишува германскиот магазин „Шпигел“, кој екслузивно ги пренесува наодите на германското разузнавање.
Bundesnachrichtendienst (BND), германската служба за надворешно разунавање ја пресретнало радиокомуникацијата што директно се поврзува со фотографиите на...
Русија целосно се повлече од Чернихив и Кијив, се насочува кон Донбас
Сите руски трупи од регионите Чернихив и Кијив се повлечени, соопшти Пентагон вчера. Но, според ситуацијата на терен, како што известува Би-би-си, тоа не значи деескалација на војната, оти Русите сега се насочуваат кон регионот Донбас и се прави обид да се заобиколат украинските одбранбени сили таму.
„Руските сили во близина на Кијив и Чернихив целосно се повлекоа од тие...
„Дојче веле“ изнесува докази против оградувањето на Русија од одговорност за масакрот во Буча
Сликите на убиени цивили во Буча го шокираа светот. Руската влада и проруски профили на социјалните мрежи тврдат: сѐ е инсценирано, некои од труповите се движат. Нашата проверка на факти докажува: тоа не е точно, пишува „Дојче веле“.
Подолу го пренесуваме текстот за проверката на факти:
Грозоморни слики го обиколуваат светот од изминатиот викенд: улица во Буча, близу Киев, е „посеана“...
Зеленски пред ОН ја обвини Русија за најголемите злосторства по Втората светска војна
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во говор пред Советот за безбедност на ОН ја обвини руската војска за вршење на најголемите злосторства по Втората светска војна, посочувајќи на егзекуции на цивили и прегазување луѓе со тенкови од страна на руската војска „за забава“.
Во обраќањето полно со емоции кое го направи еден ден по посетата на Буча, каде беше извршен...
Њујорк тајмс: Mртви тела лежат на улиците во Буча со недели и покрај руските тврдења
Мртви тела на цивили во Буча со недели лежат на улиците, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните трупи го напуштиле градот, пренесува Њујорк тајмс.
Според анализата на сателитските снимки пред и потоа, што ги направи американскиот дневен весник, телата на убиените лица се наоѓаат таму повеќе од три недели, односно во периодот кога руските...
Русија обвинета за воени злосторства по масакарот во градот Буча, меѓународната заедница е шокирана
Украинските власти истражуваат можни воени злосторства извршени од страна на Русија, откако пронајдоа стотици тела од кои некои врзани, застрелани и расфрлани низ градовите во близина на Киев по повлекувањето на силите на Кремљ за да ги пренасочат своите напади во други делови на земјата, пренесе Ројтерс.
Во градот Буча, 37 километри северозападно од центарот на Киев, новинарите на Ројтерс...