Кавадарци се збратими со украинскиот град Буча кој беше разурнат од руската агресија

-

Украинскиот град Буча, кој беше разурнат како последица на руската агресија, и Кавадарци денеска официјално се побратимија. Градоначалникот Митко Јанчев ја прими делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса Дир, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци.

Заедно со нив беше и заменик градоначалникот на Општина Буча, Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада Владимир Вербицки, раководителот на одделот за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча Виталии Томниук и Претседателот на Здружението на украинци во Македонија Александар Урбанович.

Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина.

Средбата, како што соопштија од Општина Кавадарци, покрај ова беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини.

Украинската амбасадорка Дир во своето обраќање потсети дека градот Буча беше речиси уништен за време на периодот од повеќе од 30 дена, додека беше под руска окупација.

„Заклучно со денес се знае за повеќе од 400 загинати цивили во градот, потрагата и ексхумацијата се уште се во тек. Тешко е да се зборува за тоа, но по деокупацијата, во градот беа откриени места каде што русите го измачуваа цивилното население. Градот кој во мирно време беше тивок доживеа масовни убиства на  украинското цивилно население, придружени со киднапирања, мачења и силувања,  вклучително и на деца“, рече амбасадорката за време на потпишувањето на документот за збратимување.

Таа исто така се осврна и на рускиот тренд на пласирање дезинформации и рече дека сите кои извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети.

„Украина веќе се обрати до сите држави, вклучително и Северна Македонија, да го поддржат создавањето на Специјален меѓународен трибунал за истражување и изведување пред лицето на правдата за злосторството агресија“ рече Дир.

Амбасадорката истакна дека Буча, како и многу уништени и руинирани градови во Украина се обидува да оживее, да ја обнови уништената критична инфраструктура и дека за да го оствари тоа има потреба од помош од странските партнери за обновување на станбени згради за нов живот на преживеаните Украинци.

„Веќе имаме неколку заеднички проекти, во блиска иднина нашиот економски, културен, образовен и туристички живот ќе отвори нови можности за развој. Сигурна сум дека денешниот Договор ќе стане нова алка во нашата соработка и ќе организираме уште многу заеднички проекти за нашите градови, за заемно духовно збогатување“, рече амбасадорката и ја изрази својата благодарност за исклучително важната помош за Украина од страна на Северна Македонија, вклучително и на градот Кавадарци и на градоначалникот на Кавадарци.

„На почетокот на руската војна против Украина, градот Кавадарци веќе додели 600.000 денари помош за Украина. За нас ова е значајна помош, која конкретно дојде до некои од украинците во форма на храна, лекови и основни производи“, истакна Дир.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...