Русија целосно се повлече од Чернихив и Кијив, се насочува кон Донбас

-

Сите руски трупи од регионите Чернихив и Кијив се повлечени, соопшти Пентагон вчера. Но, според ситуацијата на терен, како што известува Би-би-си, тоа не значи деескалација на војната, оти Русите сега се насочуваат кон регионот Донбас и се прави обид да се заобиколат украинските одбранбени сили таму.

„Руските сили во близина на Кијив и Чернихив целосно се повлекоа од тие области со цел да се консолидираат и повторно да се подготват во Белорусија и Русија. Путин постигна нула од неговите стратешки цели. Единственото нешто што успеа да направи е да ја преземе контролата врз помалите места. Русите не го зазедоа Харкив“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Ваквата промена на состојбата уследи неколку дена откако Русија најави дека ќе ги фокусира своите напори на источната област Донбас.

Инсистирајќи на анонимност, висок функционер на Пентагон рече оти руските сили би можеле да се вратат во Кијив, но дека не е јасно дали војниците што заминале таму ќе се вратат.

Воената офанзива на Русија во Источна Украина, каде што е и Донбас, се интензивира, јави Би-Би-Си. Големи колони цивили се упатуваат кон запад, а населените места таму се празнат, во очекување на разгорување на воените дејствија. Русија и бунтовничките групи сега контролираат околу 90 отсто од регионот Луханск и околу половина од Донецк.

Покрај масакрот во Буча, каде се убиени барем 400 цивили, слична е ситуацијата и во градот Хостомел, кој исто како Буча е во близина на главниот град Кијив, каде како исчезнати се водат околу 400 луѓе.

Инаку, според Генералштабот на украинската армија, руските загуби од 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина, до денеска, изнесуваат околу 18.900 војници и друг персонал, 698 борбени тенкови, 1.891 оклопни борбени возила, 332 артилериски системи, 55 систем за противвоздушна одбрана, 150 борбени авиони, 135 хеликоптери, 1.358 возила ии 76 камиони-цистерни.

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...