fbpx
Таг: безбедност

таг: безбедност

Вучиќ: Борбената готовност подигната таму каде што треба

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, вчеравечер по седницата на Бирото за координација на службите за безбедност на Србија, посветена на ситуацијата во Македонија, порача дека Србија е мирна и стабилна, но и дека е подготвена да одговори на секој предизвик. Тој појасни дека се направени некои тактички промени на безбедносните сили и дека е подигната борбената готовност таму каде...

МВР: Нормализирана е безбедносната состојба, ќе преземеме дополнителни мерки

Министерство за внатрешни работи доцна вечерва информираше дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. „Поради претходната севкупна безбедносна состојба, МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности за заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и за обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба. До 23.30 часот во Градската...

Вучиќ загрижен за ситуацијата во Македонија, за утре свика седница за безбедност

Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва изјавил дека е многу загрижен за случувањата во Македонија и дека тоа што се случува не е само македонски проблем туку „проблем на сите што живеат тука“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Вучиќ апелирал граѓаните на Македонија сите проблеми да ги решаваат на мирен начин. „Ги замолувам сите во Македонија оваа порака да ја разберат како...

ОБСЕ повика насилството да престане, а полицијата да ја осигури безбедноста

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, преку својот твитер-профил повика да престане насилството во Собранието, а полицијата да ја осигури безбедноста на пратениците. „Напната ситуација во Скопје. Насилството треба да престане, полицијата треба да ја осигури безбедноста на Собранието и на пратениците“, напиша Суомалаинен на својот твитер-профил. https://twitter.com/ninasuomalainen/status/857658079453818880

Едукативно-превентивна кампања „Вози одговорно – животот е во твои раце“

Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид, користејќи ја зголемената фреквенција на сообраќајот, денеска ја реализира едукативно-превентивната кампања „Вози одговорно - животот е во твои раце“. - Целта е потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со патничките моторни возила, мотоциклите и велосипедите. Кампањата треба да влијае врз...

Вучиќ и Мекејн во Белград разговарале за ситуацијата во Македонија

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон Мекејн на средбата во Белград денеска разговарале за ситуацијата во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Вучиќ се надевал дека работите во Македонија ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони. „За нас тоа е од големо значење, бидејќи ако не се задоволни Албанците, може да имаме проблем на југот на...

Нухиу: МВР има капацитет за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните

Министерството за внатрешни работи има капацитети и е максимално посветено на одржувањето на јавниот ред и мир и на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Ова, осврнувајќи се на актуелната ситуација во земјава, денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на средбата со претставниците на комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, придружувани од амбасадорката на...

Шилегов: Иванов опасно си игра со безбедноста и со стабилноста на државата

Во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, „креаторот на кризата, Ѓорге Иванов, реши да замине од државата“, велат од СДСМ по повод посетата на Иванов на Азербејџан. Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов, денеска на прес-конференција изјави дека наместо да го послуша ставот на мнозинството граѓани и на меѓународната јавност...

Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на Штип, оцени дека безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво, но дека АРМ внимателно ја следи ситуацијата. - Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна. Ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме - изјави Јолевски. Jолевски, кој денеска...

МОФ: Агитирањето меѓу млади луѓе за партиски цели мора да престане

„Учениците треба да бидат оставени сами да размислуваат и критички да се изразуваат, а секое наметнување туѓ став врз нив, секое заплашување и злоупотреба најостро го осудуваме. Агитирањето меѓу млади луѓе за остварување партиски цели мора да престане“, се вели во соопштението на Младински образовен форум (МОФ). Оттаму додаваат дека „директорите, професорите и родителите треба да реагираат на секоја намера учениците...

Заев: Иванов изврши државен удар со одлуката да не го даде мандатот

„Ѓорге Иванов, со одлуката да не го даде мандатот за состав на влада, за што е обврзан со Уставот, изврши државен удар. Државата ја внесе во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го даде мандатот. Со оваа одлука, како што рече Заев, тој прави уставно-државна...

Во знак на солидарност со нападнатите колеги, „Мета“ нема да известува од протестите

Во знак на протест поради нападот врз нашите колеги од порталот „А1он“, но и поради континуираните вербални напади врз сите новинарските екипи, новинската агенција „Мета“, придружувајќи им се и на другите медиуми, нема да известува за денешните протести на иницијативата „За заедничка Македонија“, ниту во Скопје, ниту од другите градови. Доколку на протестите се случат насилства и нови напади,...

Вучиќ: Ја следиме ситуацијата во Македонија, но не се мешаме во внaтрешните работи

Србија ја следи ситуацијата во Македонија и во БИХ и ќе направи сè да ги сочува мирот и стабилноста, но нема да се меша во внтарешните работи на своите соседи, изјавил денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Ова Вучиќ го изјавил по средбата со претседателот на владата на германската покраина Хесен Фолекер Буфије, со...

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд...

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина да ги смират тензиите. - Стабилноста...

Поради нападот во Канада, затворени четири џамии во Холандија

Четири големи џамии во Холандија се привремено затворени од безбедносни причини, по вооружениот напад што се случи во џамија во Канада. Ваквата одлука била донесена на итен состанок на официјални лица од четирите големи џамии, по нападот што се случи во Квебек. На состанокот било одлучено дека поради загриженост за безбедноста, верниците нема да можат да ги извршуваат молитвите во џамиите во...

Најмалку 32 загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку 32 лица загинале, а околу 100 се повредени во железничка несреќа во Индија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од индиски официјални претставници. Несреќата се случила кога седум вагони и локомотива од патнички воз излетале од шините во областа Кунера, недалеку од границата меѓу државите Одиша и Андра Прадеш. Портпаролот на железницата за агенциите изјавил дека бројот на повредени сè...

Поради безбедносни причини, запрен возот од Белград за Косовска Митровица

Возот кој утринава од Белград тргна за Косовска Митровица стигна денеска попладне до Рашка, на последната станица пред границата со Косово, каде е запрен поради безбедносни причини. Првиот воз од Белград за Косовска Митровица по 18 години тргна утринава и требаше да стигне на крајната дестинација во 19 часот. Возот е украсен со боите на знамето на Србија и на...

Иванов: Тероризмот е резултат на погрешното толкување на религијата

Борбата против тероризмот не смее да ги ограничи човековите права, порача претседателот Ѓорге Иванов, на форумот што денеска се одржа во Каиро на тема „Демократската безбедност во време на екстремизам и насилство“, во организација Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Иванов истакна дека борејќи се против тероризмот и екстремизмот, современата држава ги проширува своите овластувања и надлежности, и...

Трамп: Ниту еден компјутер не е сигурен

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден компјутер не е безбеден кога станува збор за приватност на податоците. Тој изрази скептицизам во поглед на безбедноста на интернет-комуникацијата која неговата администрација ќе ја користи секојдневно во планирањето на меѓународните односи. Трамп на новинарите на новогодишната прослава што ја организираше на својот имот во Флорида, им рече дека ретко користи електронска пошта...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...