fbpx

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“.

„НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд на своите силни пријателски врски со вашата земја“, вели Столтенберг, нагласувајќи дека сака да ја продлабочи соработката со Србија, со почитување на нејзината неутралност.

Столтенберг истакнува дека НАТО силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повикува сите страни да бидат воздржани и да учествуваат во дијалогот на конструктивен начин.

„Дијалогот меѓу Белград и Приштина е патот кон трајно решение на отворените прашања, со взаемно почитување и разбирање од страна на сите заедници“, вели генералниот секретар на НАТО.

Тој додава дека неодамнешните средби на високо ниво во рамките на дијалогот Белград – Приштина покажуваат дека Србија е посветена на изградбата на односи на соработка со Приштина и подобрување на безбедноста и стабилноста во целиот регион.

Столтенберг вели дека на властите во Приштина им предочил дека НАТО го поддржува трансформирањето на косовските безбедносни сили во рамките на постојниот мандат, и оти смета дека иднината на целиот Западен Балкан е во членството во Европската Унија и НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...