fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Кого сѐ може да иритира македонскиот премиер Заев за една минута?

Во време кога македонската јавност сметаше дека аферата „Рекет“ во која на видеата објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“ се сугерира корупција на на високо ниво за влијание врз обвинители и судии во која е вклучен еден контроверзен селебрити, ќе се чуе и можеби и гласот на премиерот Заев, тоа не се случи, туку тој самиот си ја искомплицира ситуацијата. Заев,...

Српски „Информер“ дезинформира – не се менува знамето, тоа беше во 1995 година

Деновиве српскиот портал „Информер“објави текст со наслов со кој ја дезинформира јавноста:  „КРАЈ ЗА СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА! Македонците го отстрануваат симболот од знамето заради договорот со Грците! (KRAJ ZA SUNCE VERGINE! Makedonci uklanjaju i simbol sa zastave zbog dogovora sa Grcima!). Во конкретниот случај има грешка во вториот дел од насловната конструкција, каде е пласирана неточна информација, поради што се добива...

Како за „Ало“ случајот „Рекет“ стана „Ракета“, торбата „Луи Витон“ доби уред за следење и други глупости…

Хајката која српските таблоиди, здушни поддржувачи на тамошниот премиер Александар Вучиќ, ја водат против актуелните власти во Северна Македонија, користејќи го случајот „Рекет“ како алатка за напади, е главниот пропаганден лост на регионално ниво кој треба да создаде атмосфера дека владата во Скопје само што не паднала, дека премиерот Заев веќе поднел оставка и дека само што не завршил...

Тијана Цвјетичанин: Дезинформациите не се случајни, туку се поддршка на одреден политички наратив

Тијана Цвјетичанин е дел од тимот на босанските сервиси за проверка на факти „Раскринкавање“ и „Истиномјер“, како и истражувач. Таа работи на оценување на изјавите и предизборните ветувања на политичарите, како и на медиумските содржини. Во интервју за „Мета.мк“ објаснува каква е состојбата со дезинформирањето во Босна и Херцеговина, како и какви мерки треба да се преземат за борба против...

Боки 13, Крлеуша: Kога „Rest In Peace (RIP)“ стана „Одморете се во мир“…

Порталот „ Екран“ денеска (13.08.2019) објави текст со наслов: „(ВИДЕО+ФОТО) БОКИ 13 „РЕКЕТИРАЛ“ ПОРАДИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: „Курир“ открива што плус се крие зад аферата „Рекет““,  комплетно преземен од српски „Курир“ заедно со фотографиите и без никаква јазична, лекторска интервенција.   Освен што во споменатиот напис не е направена никаква проверка на искажаните тврдења во „Курир“ барем кај уште еден извор, туку е пласиран како да се работи за стопроцентна вистина, има проблеми и со преводот.  Уште...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои...

Српски медиуми повторно во напад врз Заев, иако го нема во „Рекет“

Дел од српските медиуми блиски до тамошната власт и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, продолжија со тактиката директно да го врзуваат премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада...

Со сомнителни снимки од сомнителен извор се прави обид да се турне владата во Скопје

Не требаше да помине многу време од објавувањето на видео снимките од наводното земање на мито од страна на Бојан Јовановски и Зоран Милески - Кичеец во домот на Јордан Камчев, па да се дознае дека весникот „La Verita“, чиј веб-сајт ги објави овие снимки, всушност, е близок до актуелните популистички власти во Италија и веќе подолго време објавува...

Сензационализам и шпекулации во српски „Блиц“ – македонската влада демантира тајни врски и црни фондови меѓу Заев и Харадинај

Македонската влада демантира дека премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај имаат „тајни врски и црни фондови за потплатување на политичари во Брисел“, како што деновиве (06.08.2019) објави српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на неименуван извор, „дипломат од Приштина“. Владата во Скопје одговори на барањето на Мета.мк за коментар на наводите пласирани во српскиот весник „Блиц“, кои...

Пензиониран полковник на КОС шпекулира дека ЦИА работи против Србија од авто-салон во Скопје

Неколку српски медиуми деновиве промовираа теорија на заговор според која разузнавачки служби на балканските земји во скопски авто-салон подготвуваат атентати на српски опозиционери за кои потоа „Западот“ би ја обвинил власта на Вучиќ.  Српскиот неделник „Печат“ во бројот од 19 јули 2019, објави текст со наслов: „Јамка за Србија“ (ориг. „Омча за Србију“), за новодната „специјална војна на водечките држави на НАТО против Србија“, ставајќи го притоа фокусот на „новата тајна операција - Јамка во која е...

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот на српскиот портал се...

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта. Разговорот е објавен и кратко прераскажан и на веб страницата на „Спутник“, под наслов „Македонците и...

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од Германскиот Маршалов фонд на САД, го истражува растежот на антизападните/проруските наративи во Западен Балкан, анализирајќи...

Македонија не ѝ упати протесна нота на Бугарија

Српскиот портал „Телеграф“ неодамна (15.07.2019) објави текст со погрешен наслов: „Заев ѝ упати протесна нота на Бугарија: Ние не сме Северни Македонци“. Станува збор за напис кој се повикува на македонскиот портал „Фактор“ и во содржинскиот дел точно ја пренесува изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој фактички најавува дека ќе испрати протесна нота до Софија, поради тоа што...

Бурни реакции по најавата за вклучување на владата во борбата против дезинформациите

Најавата на владата за отворање фронт против лажните вести и ширењето дезинформации преку социјалните мрежи и традиционалните медиуми предизвика лавина од реакции во јавноста. Опозицијата препозна намера за цензура на медиумите, а иницијативата на владата наиде на критики и повик за внимателност од страна на претставниците на медиумските организации. Веднаш по прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев (24.07.2019), на која тој...

Заев предлага план за заедничка битка против дезинформациите

Премиерот Зоран Заев, објавувајќи предлог-план за борба со дезинформации и лажни вести, на денешната прес-конференција посочи дека дезинформациите за земјава, покрај од дел од домашните медиуми, се шират и од страна на други држави.  „Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел...

Грчки медиуми дезинформираат: И Меркел и АДАК употребуваат „Северна Македонија“

И Германија и Ангела Меркел и германскиот автомобилистички клуб АДАК, една од најголемите такви асоцијации во светот, во сите ситуации го користат името Северна Македонија, а не само Македонија, и тврдењето дека тоа не е така е ноторна невистина, пишува грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Еllinika Hoaxes“ во нов напис посветен на дезинформација за...

Бугарски медиум извртува факти од интервјуто на Заев за грчка „Алфа“

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија „Алфа“ предизвика голем интерес на јавноста и дома и кај соседите, па вест за тоа беше објавена и во бугарскиот медиум „Факти“, но, со погрешно цитирање. „Факти“ во веста под наслов „Северна Македонија присвојуваше туѓа историја“, информирајќи ги своите читатели дека Заев признал дека „крадевме историја од своите соседи и од светот“,...

Ситистас и Данилидис, „Ellinika Hoaxes“: Лажните вести се „бомба“ во темелите на демократијата

Фото: Nikos Kokalias, Kathimerini.gr
Теодорос Данилидис е основач, а Танос Ситистас уредник на „Ellinika Hoaxes“, најпознатата грчка веб-страница која се занимава со разоткривање на лажните вести и дезинформациите. Овој сервис функционира веќе шест години, од 2013 година. Во интервју за „Мета“ тие објаснуваат дека Грците за жал премногу лесно може да поверуваат во лажните вести, како и дека дезинформациите во нашиот јужен сосед...

Ниту има обвинение против Јанева, ниту на фотографијата е Камчев

Албанскиот портал „Balkanweb.com“ објави напис за последните случувања во Северна Македонија каде специјалната обвинителка во заминување Катица Јанева во јавноста се поврзува со предметот на Јавното обвинителство „Рекет“, во кој, како осомничени, беа приведени и им беше одредена мерка притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец за наводно рекетирање на бизнисмени. Во насловот на објавениот напис се вели: „Фото/Eве кој е...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...