fbpx
Таг: Ангела Меркел

таг: Ангела Меркел

Меркел повика на единство во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, повика на европско единство во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ на Малта. Состанокот се одржува за да се пронајде начин да се намали бројот на мигрантите што ја напуштаат Либија. - Европа својата судбина ја држи во сопствени раце – рече Меркел. Таа истакна дека Европската Унија треба да биде што појасна во дефинирањето на својата улога во...

Меркел ја осуди уредбата на Трамп со која се забранува влез во САД на лица од седум земји

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана. Иако лидерите на Германија и на САД претходно во телефонски разговор се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот, Меркел смета дека не е оправдано луѓето од одредена...

Парламентарни избори во Германија на 24 септември

Претседателот на Германија, Јоаким Гаук, соопшти дека парламентарните избори во земјата ќе бидат одржани на 24 септември, како што претходно предложи германската влада. Гаук соопшти дека го прифатил предлогот на владата изборите да бидат одржани последната недела од септември. Се очекува националистичката партија Алтернатива за Германија да влезе во парламентот благодарение на антимигрантското расположение во земјата. Според анкетите, оваа партија засега...

Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ. „Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја почна борбата за...

Меркел ќе бара од Трамп договори за прашања поврзани со трговијата и со воените трошоци

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека од новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе бара да бидат постигнати договори поврзани со прашања за трговијата и за воените трошоци, додавајќи дека ќе работи на зачувување на врските меѓу Европската Унија и САД, кои се многу важни, јавуваат светските агенции. Меркел рекла дека Доналд Трамп јасно ги истакнал своите уверувања во својот...

Обама последен пат како претседател телефонски разговарал со Меркел

Последниот телефонски разговор како претседател, Барак Обама го имаше со германската канцеларка, Ангела Меркел. Својот последен работен ден во Белата куќа, претседателот во заминување, Барак Обама, го мина, меѓу другото, поздравувајќи се со своите соработници, но и со странските колеги, а последниот претседател со кој во телефонски разговор се поздравил била германската канцеларка Ангела Меркел. „Тој ѝ се заблагодари за осумгодишното пријателство и партнерство“,...

Трамп: ЕУ е инструмент на Германија, а по Британија, и други ќе ја напуштат Унијата

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека Европската Унија станала инструмент за Германија и дека по Велика Британија, и други земји членки ќе ја напуштат Унијата. Во заедничко интервју за најтиражниот германски весник „Билд“ и за британскиот весник „Тајмс оф Лондон“, Трамп вели дека германската канцеларка Ангела Меркел е најмоќниот европски лидер, но дека направила „катастрофална грешка“ примајќи повеќе од...

Меркел: Работиме на депортација на мигрантите

Германската канцеларка, Ангела Меркел, повтори дека Германија мора да направи „национален напор“ за мигрантите на кои им е одбиено барањето за азил да ја напуштат земјата. Меркел на конференцијата на државни службеници рече дека Германија работи на враќањето на мигрантите, но дека тоа единствено е можно ако се преговара со нивните татковини. Забрзување на депортацијата и на доброволното враќање на мигрантите...

Ердоган: Ќе се бориме докрај против сите напади на терористичките групи

По повод терористичкиот напад во ноќен клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 лица, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција ќе се бори докрај против сите напади на терористичките групи и на нивните поддржувачи и додаде дека ваквите напади не се независни од случувањата во регионот. - Тие се обидуваат да создадат хаос, да го деморализираат нашиот...

„Конрад Аденауер“ жестоко ja искритикува ВМРО-ДПМНЕ

Во анализа под наслов „Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија - ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата, потпишана од Јоханес Реј, наведува...

Туск: Политиката на Меркел кон мигрантите не е виновна за нападот во Берлин

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на некои европски лидери дека за нападот во Берлин е виновна германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината политика на гостопримство на бегалците. „Од почетокот на мигрантската криза зборувавме дека е клучно да ја вратиме контролата на надворешните граници. Тоа е тешко, но сакам да нагласам дека Германците не се одговорни за...

Меркел: Одвратно е ако убиецот е азилант, но нe ја менуваме политиката кон бегалците

„Она што синоќа се случи во Берлин, Германија го разбира како терористички напад. Би било одвратно ако убиецот е некој кој како мигрант добил заштита од Германија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по синоќешниот напад во Берлин, зад коj, според првичните информации на германските власти, стои мигрант од Пакистан. Таа истакна дека е згрозена од тоа што синоќа се случи на Брајтшедплац...

Путин е најмоќниот човек во светот за 2016 година според магазинот „Форбс“

Рускиот претседател Владимир Путин е најмоќниот човек во светот, според денеска објавената ранг-листа на најмноќни луѓе за 2016 година на американскиот магазин „Форбс“. Путин е прв на ранг-листата на „Форбс“ веќе четврта година по ред. Во годинешното рангирање по рускиот претседател на втората позиција се наоѓа новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а трета е германската канцеларка Ангела Меркел. https://twitter.com/Forbes/status/809028409766645760 „Лидерот на...

Оланд и Меркел бараат продолжување на санкциите кон Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд соопштија дека неделава, на самитот на Европската Унија, би требало да се одлучи за продолжување на санкциите против Русија поради украинските судири. - Мораме да продолжиме да ги применуваме условите од договорот од Минск, а кога тие не се исполнети, мора да продолжиме со санкции – порача Оланд на заедничката прес-конференција...

Меркел реизбрана за лидер на Христијанско-демократската унија

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). На конгресот кој се одржал во Есен, Меркел добила 89,5 проценти од гласовите на делегатите, односно за неа гласале 845 од 949 присутни делегати. Мандатот на Меркел ќе трае две години, а демохристијаните таа ќе ги предводи и на парламентарните избори во 2017 година. Меркел минатиот месец најави дека ќе...

Алепо е срам за меѓународната заедница, оцени Меркел

Срамно е што меѓународната заедница не е во состојба да го олесни страдањето во сирискиот град Алепо, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. - Алепо е срам. Срамота е што не успеавме да воспоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа - истакна Меркел. Изјавата на германската канцеларка доаѓа откако Русија и Кина вчера ставија вето на резолуцијата...

Рама ја обвини опозицијата за блокирање на судските реформи

На денешната собраниска седница во албанскиот парламент, власта и опозицијата расправаа за буџетот за 2017 година, но и за почнувањето на преговорите со Европската Унија и за спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Поранешниот лидер на Демократската партија, Сали Бериша, изјави дека Европската Унија нема да ги почне преговорите за членство на Албанија сè додека премиерот...

Меркел – Рама: Судските реформи и изборите, услов за почнување на преговори со ЕУ

На заедничка прес-конференција одржана денеска во Берлин, по средбата со премиерот на Албанија, Еди Рама, германската канцеларка Ангела Меркел истакна пет приоритети што Албанија мора да ги исполни за да ги почне преговорите со Европска Унија. Ова значи дека Албанија најверојатно нема да добие позитивен одговор за почнување на преговори во декември. На прес-конференцијата, Меркел рече дека Албанија имала напредок, но го...

Шулц го напушта Брисел и се враќа во Берлин, пишува „Политико“

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за „Политико“ изјави дека нема да работи уште еден мандат во Брисел и оти следната година ќе се кандидира за германскиот Бундестаг. „Политико“ наведува дека Шулц сигурно ќе освои место во федералниот парламент. Како што се очекува, Мартин Шулц, по овој повод, во текот на денот ќе се обрати до јавноста. Светските агенции јавуваат дека германската главна...

Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија. Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи го и новиот претседател на...

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ: фокус на проширувањето и владеењето на правото

Токму затоа што беше неформален, од неодамнешниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, немаше завршен документ. Оваа статија ја засноваме на прес-конференциите пред и по Самитот, но...