Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

-

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ.

„Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја почна борбата за сопствена слобода. Во 2017 година тоа ќе го направат нациите на континентална Европа“, рекла Ле Пен, притоа укажувајќи на важните избори кои оваа година треба да се одржат во Франција, Германија и во Холандија.

Таа на состанокот на крајно десничарските партии ја критикувала Европската Унија, нарекувајќи ја антидемократска творба која се бори против националните интереси на земјите членки.

Ле Пен во својот говор пред водечките европски политичари од крајната десница, како Холанѓанецот Герт Вилдерс, Матео Салвини од италијанската Северна лига и Фрауке Петри од Алтернатива за Германија, остро ја критикувала политиката на Ангела Меркел кон бегалците, оценувајќи ја како „неодговорна и спротивна на волјата на сопствениот народ“.

Истовремено, во Кобленц се одржуваат протести против собирот на европските националистички партии. Под паролата „Кобленц останува шаренолик“, околу 3.000 демонстранти протестираат против расизмот и за поголема толеранција.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...