fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Мета факт: Неисполнето е владиното ветување за приклучување на 10.000 нови домаќинства на скопското парно

Македонската влада со Планот за чист воздух, односно Програмата за намалување на аерозагадувањето, на крајот од 2018 година на граѓаните им вети дека во текот на 2019 и 2020 година на тогашниот топлински оператор БЕГ ќе бидат приклучени 10.000 нови домаќинства во Скопје, а топловодната мрежа во Скопје ќе биде проширена. Ова владино ветување до изминувањето на рокот на...

Дигитализацијата на картотеките од Институтот за македонски јазик во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Милиони листови хартија со стари македонски зборови, дијалекти и изрази сега се достапни во дигитална форма. За сложениот процес на дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за заштита на оваа културна институција од обидите за партизација и...

И „Зелен хуман град“ со 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Од иницијативата „Зелен хуман град“, која што има и советници во Советот на Град Скопје, имаат 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Од нив, шест мерки се за итно постапување. Притоа, од „Зелен хуман град“ најпрво бараат Советот на Град Скопје да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со прогнозирање на температурните инверзии...

Дваесет отсто од смртните случаи во земјава се последица на аерозагадувањето

Во Македонија речиси 20 отсто од смртните случаи се поврзани со аерозагадувањето. Ова го покажала анализата на Институтот за јавно здравје насловена како „Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички“, на која работела доцент д-р Мирјана Димовска од овој Институт. За тоа, што му прават ПМ-2,5 честичките на организмот, кои болести се поврзани со аерозагадувањето, како да...

Во „Шорткат“ го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите

Недостигот на снежни врнежи и невообичаеното топло време до средината на јануари ги испразнија македонските скијачки центри, кои трпат финансиски штети сезонава. Во најновата емисија на „Шорткат“ како главна тема го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите. Во денешната епизода информираме и за резултатите од испитувањето на мострите земени од храната и кујната во студентскиот дом „Пелагонија“ по...

„Титан Усје“: И ние ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

Обвинувањата против Цементарница УСЈЕ АД Скопје се невистинити, па затоа ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината, реагираа денеска од цементарницата, откако градските власти соопштија дека ја поднеле најавената кривична пријава против нив, во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице, Борис Хрисафов. „При вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена...

Увозот на половни возила лани бил намален, расте интересот за купување нови автомобили [инфографик]

По долги години, во Македонија лани драстично опаднал бројот на увезени половни автомобили од странство, за сметка на зголемениот број на увезени нови автомобили. Податоците на Царинската управа на РСМ за 2022 година покажуваат дека лани во земјава биле увезени 24.944 автомобили, заклучно со ноември 2022 година, при што 18.042 од колите се внесени во земјава како стари, додека...

Градските власти денеска ја поднесоа најавената кривична пријава против „Титан Усје“

Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице - Борис Хрисафов, соопштија градските власти. Тој, како што велат оттаму, како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се...

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на...

Инспекторатот за животна средина ѝ даде задолжение на „Усје“ да користи гас за греење во котларата

По извршените мерења на емисијата на гасови и прашина од оџаците на печките, котларата за парно греење и амбиентниот воздух во кругот на цементарницата „Усје“, при што било утврдено надминување на граничните вредности на азотни оксиди кај котларата за парно греење која користи мазут, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ѝ даде неколку задолженија и рок за извршување на...

„Титан Усје“: Нема поврзаност меѓу цементарницата и квалитетот на воздухот во Скопје

Нема корелација меѓу работата на цементарницата „Титан Усје“ и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Усје“ е дури и помала од други мерни места во градот. Ова е наведено во реакцијата од цементарницата, откако денеска на прес-конференција...

Иницијативата „Донирај компјутер“ во новата епизода на Шорткат

Над 2.200 компјутери се донирани низ целата држава во последните шест години преку хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Повеќе за хуманитарната работа, идејата и целта на Борче Стаменов од Кавадарци, погледнете во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади јавуваме за спорниот учебник по Историја и општество во кој се забележани повеќе грешки, за меѓународната поетска награда „Мостови на...

Фишинг сајтови: Ако сакате да го проверите квалитетот на воздухот, треба да учествувате во наградна игра!

Веб-страницата за проверка на квалитет на воздухот веќе извесен период јавува неправилности, односно кога корисниците ќе ја посетат страницата, прво им се бара да учествуваат во наградна игра за да освојат мобилен телефон. Најверојатно станува збор за т.н. фишинг сајтови, односно вид на измами од неовластени корисници кои преку користење лажни пораки од е-поштата и лажни веб-страници се обидуваат...

Трајко Славески вели дека нема услови за свикување седница на Совет за аерозагадувањето во Скопје

Претседателот на Собранието на град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница и нема услови за свикување на истата, откако претходно советниците од СДСМ, ДОМ и ЛДП побараа итна седница на која скопските градски власти ќе донесат мерки за справување со загадувањето на воздухот во Скопје. „Во однос...

СДСМ бара седница на скопскиот совет за загадувањето, Славески бара потписи од третина од советниците

Иако 12 советници на СДСМ и советниците од ДОМ и ЛДП ја потпишаа иницијативата за одржување вонредна седница на која би требало да се дебатираат предлог-мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, според претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески не се собрани доволно потписи за свикување на седница. Советничката група на СДСМ во Советот...

Тетово: Негрижата на институциите ќе ги поттикне активистите да се активираат за чист воздух

Новата 2023 година за Тетово започна со еден стар проблем - нивото на загадување на воздухот го надмина прагот на алармирање уште во првите денови. Евидентираниот просек на ПМ-10 честички од 1 до 7 јануари изнесува 133,45 μg/m3 што е над дозволената количина. Просечната среднодневна вредност на ПМ-10 честичките не треба да надмине 50 микрограми за метар кубен, и...

СДСМ бара седница на Совет на град Скопје за аерозагадувањето, од ВМРО вината ја префрлаат кај владата

Скопје и утрово се наоѓа на 13-тата позиција во светот на веб-страната IQAir според степенот на загадување на воздухот, кој во моментов е категоризиран како нездрав. И мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух покажуваат дека насекаде во главниот град среднодневните концентрации на ПМ-10 честички во воздухот биле над дозволената граница од 50 микрограми на...

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека прагот на алармирање за присуство на ПМ-10 честички во воздухот е надминат во Битола на мерното место Битола 2, а во исто време прагот на алармирање е прекинат во Кичево и Гостивар. „Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции...

МЖСПП: Надминат прагот за алармирање во Тетово и Гостивар

Надминат е прагот на алармирање за загаден воздух на мерните места во Тетово и Гостивар, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Одлуката е согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и...

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Скопје, властите со препораки за празниците

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го прекина прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје, информираат од ова министерство. „Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...