Иницијативата „Донирај компјутер“ во новата епизода на Шорткат

Над 2.200 компјутери се донирани низ целата држава во последните шест години преку хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Повеќе за хуманитарната работа, идејата и целта на Борче Стаменов од Кавадарци, погледнете во новата епизода на Шорткат.

Во новите вести за млади јавуваме за спорниот учебник по Историја и општество во кој се забележани повеќе грешки, за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ и за разликите во процентот на загуби на вода за пиење. И во оваа епизода место меѓу нашите содржини повторно најде и аерозагадувањето.

Носиме и интересни новости од областа на технологијата и иновациите – ве запознаваме со популарните алатки ChatGPT и GPTZero, како и со новата создадена батерија која според научниците ќе трае 68 години, а се полни за само осум минути.

Новата епизода на Шорткат ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.