МЖСПП: Надминат прагот за алармирање во Тетово и Гостивар

Тетово. Фото: Порталб.мк, Фисник Џелили

Надминат е прагот на алармирање за загаден воздух на мерните места во Тетово и Гостивар, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Одлуката е согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Со тоа, за Тетово и Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, коишто вклучуваат и редуцирано излегување, користење јавен превоз и препорака болните, старите лица и бремените жени да избегнуваат изглегување од затворени простории.