fbpx
Таг: пиштоли

таг: пиштоли

Украдени пиштоли во Штип и во скопски Илинден

Во две кражби во Штип и во скопската населба Илинден се украдени два пиштоли, извести МВР. Случаите во полиција биле пријавени вчера. Во првиот, според сопственикот на стан на улицата Широк дол во Штип, во период од петокот до вчера, засега непознат провалник преку гаражата прилепена до зградата, дошол до кујнскиот прозорец кој насилно го отворил и влегол во станот....

Уапсен вооружен маж во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз

Француската полиција денеска уапсила маж откако кај него биле пронајдени два пиштоли на влезот од хотелот „Њујорк“ во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз, јавува „Би-Би-Си“. Дваесет и осумгодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, не им е познат на француските безбедносни служби. Кај него, според полициските информации, освен пиштолите, бил пронајден и примерок од Куранот и кутија со муниција. Тој бил...

Кривична за светиниколец поради неовластено поседување оружје

Полицијата во Свети Николе поднела кривична пријава против 48-годишниот И.А., жител на градот, поради недозволено држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Според полицијата, осомничениот неовластено поседувал три пиштоли, со калибар 9 милиметри, калибар 7,65 и калибар 6,35 милиметри. При претрес на неговиот дом на 20 ноември годинава, полицијата ги пронашла и ги одзела пиштолите.

Од стан во Скопје украдени пари, златен накит и два пиштоли

Непознат сторител, вчера провалил во стан во Скопје и украл извесна сума пари, златен накит и два пиштоли, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во стан на улицата Иван Аговски, во населбата Карпош, сопственост на М.Н. (36). Крадецот влегол во станот, откако насила и со употреба на погоден алат ја отворил влезната врата. Тој, според полицијата, одзел златен...

Од куќа во Ресен украдени два пиштола и пари

Вчера во Ресен, на улицата Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Г.А. (69), од каде одзел пиштол марка „берета“ калибар 6,35 милиметри и пиштол „модел 27“ калибар 7,65 милиметри, кои оштетениот ги поседувал со дозвола, како и 2.000 евра и 30.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Украдени пушки и пиштоли од магацин на „Македонски шуми“

Непознат сторител од магацин на „Македонски шуми“, односно Шумското стопанство „Караџица“, украл неколку парчиња оружје. Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен вчера, а станува збор за украдени пушки и пиштоли. Кражбата се случила на неутвреден датум, во периодот меѓу 4 и 17 јуни. Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Зоран Верушвески денеска на суд за нелегално поседување оружје

Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето на Зоран Верушевски за недозволено поседување оружје или распрскувачки материи. Според обвинението, врз основа на кривичната пријава од МВР, при претрес на Верушевски, полицијата пронашла два пиштоли за кои не поседувал дозвола. Неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, во изјава за медиумите пред неколку месеци, рече дека еден од пронајдените пиштоли Верушевски го добил во...

Одложено судењето на Верушевски

Судењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, е одложено поради отсуство на неговите адвокати. Адвокатот Ангеле Илиевски имал друго судење, а адвокатот Филип Медарски е отсутен поради здравствени причини. Денешното судење на Верушевски требаше да биде за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали. Верушевски, освен за поседување оружје, е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со лидерот на...

Србија продава тенкови, пушки, пиштоли…

Повеќе од 480 тенкови и хаубици, 220 оклопни возила, преку 20.000 пушки и пиштоли планира да продаде Министерството за одбрана на Србија. Според министерството, се планира продажба на 282 тенкови Т-55 и околу 220 оклопни транспортери M-60, M-80, BTR-50 и BTR-60 и противоклопни орудија POLO, како и 200 хаубици од 105 и од 155 милиметри. Ќе се понудат на продажба и околу 16.700...

Полицијата во Ниш пронашла пиштоли во систем за греење на воз

Во системот за греење на возот што сообраќа на линијата Софија - Белград пронајдени се 19 пиштоли и револвери. Пиштолите и револверите биле од марката „екол“, со калибар од 9 милиметри, а пронајдени биле и 500 куршуми. Оружјето и муницијата биле пронајдени по анонимна дојава, а возот бил запрен и претресен на железничката станица во Ниш. Се претпоставува дека станува збор за шверц,...

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...