fbpx
Таг: зима

таг: зима

Времето денеска сончево, топло и ветровито

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен и североисточен ветер. Утринскaта температура ќе се движи од -5 до 3 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени, односно до 16 степени. Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот...

Времето денеска сончево и студено

Денеска времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 6 Целзиусови степени, додека дневните од 10 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 10 Целзиусови степени.  

Од недела почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува претстојниот викенд, ноќта меѓу сабота и недела, така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад. Тоа значи дека во 3 часот ноќта, стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Ариф: Владата и УНХЦР мора да бидат подготвени за зимскиот наплив на мигранти

Двајца експерти од седиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во моментот се во Скопје, каде заедно со претставници на Владата, полицијата и со другите партнери на ОН во земјава, разговараат и ги разгледуваат можните сценарија за тоа како ќе се одвива бегалската и мигрантската криза со која се соочува земјата, особено во зимскиот период, вели во...

Зимска бура го погоди југозападот на САД

Во делови на Калифорнија вчера заврна снег, а задоцнетата зимска бура погоди и други делови од југозападот на САД. Во Сиера Невада, снегот почнал да паѓа во петокот вечерта, а скијачките центри известиле за снежна покривка во висина од 30 до 46 сантиметри на планините. До понеделник би можеле да наврнат и до 30 сантиметри снег по периодот на суво време, поради...

Општина Аеродром набави две возила за зимско одржување на улиците

Денеска, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ја информираше јавноста дека Општина Аеродром набави две возила за зимско одржување улици, така што подготвено ќе ја дочека зимата. Станува збор за возилата од марка „ивеко дејли“, кои се опремени со сите неопходни делови за лесно, брзо и функционално реагирање при снежни врнежи. Имено, камионите како додатна опрема имаат плуг за чистење снег,...