недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ебола | 39 резултати

Вистиномер: Бил Гејтс пред 5 години зборувал за опасност од нови пандемии, а не конкретно за коронавирусот

октомври 1, 2020

На Фејсбук се шири објава со која се наметнува мислење дека основачот на „Мајкрософт“, бизнисменот и филантроп, Бил Гејтс, уште пред пет години предвидел оти токму годинава ќе има пандемија на ковид-19. Во случајот се манипулира со негово излагање на TED конференција за ебола, каде тој укажува дека светот не сторил доволно за да ја […]

Пандемијата на Шпанскиот грип од 1918 година „филувана“ со дезинформации

септември 2, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и […]

Ебола се шири во милионски град во Конго

мај 17, 2018

Десетина дена откако во рурална област во Демократска Република Конго беа пријавени првите случаи на ебола, сега опасната и многу заразна болест ебола е регистрирана во градот Мбандака, кој има над милион жители и се наоѓа на 130 километри од местото на првиот регистриран случај. Мбандака е транспортен јазол преку кој се оди до главниот […]

СЗО: Еболата веќе не е меѓународна здравствена закана

март 29, 2016

Еболата веќе не претставува меѓународна здравствена закана, соопшти денеска во Дакар директорката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Чан. Сепак, Чан нагласи дека и понатаму мора да се надгледува ситуацијата во Западна Африка. Од декември 2013 година, од ебола починаа повеќе од 11.000 лица, претежно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Секоја од овие три […]

Излекуваниот доктор од ебола им предаваше на штипските студенти

март 21, 2016

„Мојата приказна не е само поврзана со медицината. Тоа е приказна за верба и за чуда, уништувања и пожртвувања на луѓе кои страдале во последните три децении. Како повеќето од вас, одбрав медицина зашто сакав да им служам на луѓето“, рече американскиот доктор Кент Брентли, првиот Американец излекуван од ебола, во својот говор пред студентите на Медицинскиот […]

Американскиот лекар што ја победи еболата в понеделник во Штип

март 16, 2016

Докторот Кент Брентли, кој заболе и беше првиот излекуван од смртоносната болест ебола, в понеделник ќе предава на Факултетот за медицински науки во Штип. Докторот, кој во 2014 година беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“, бил дел од медицинска мисионерска група чија главна цел била лекување на пациенти заболени од […]

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

јануари 15, 2016

Нов случај на починат од болеста ебола е регистриран во западно-африканската држава Сиера Леоне, официјално потврдиле официјални лица на земјата, само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне беше прогласена за слободна од вирусот на ебола на 7 ноември минатата година, а […]

СЗО: Крај на еболата во Западна Африка

јануари 14, 2016

Светската здравствена организација објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, откако ниту еден случај не се појавил во Либерија, но истовремено предупреди дека светот не може да прогласи целосно ослободување од болеста, која однесе повеќе од 11.300 животи за време на двегодишната епидемија. Либерија, која заедно со Сиреа Леоне и со Гвинеја беше епицентар […]

Победена еболата во Гвинеја

декември 29, 2015

Светската здравствена организација денеска ја прогласи Гвинеја за држава без ебола, две години по избивањето на епидемијата во оваа земја. Победата над опасната болест ќе биде прославена со концерти и со огномет. Од болеста во Гвинеја починаа повеќе од 2.500 лица, а уште 9.000 починаа во Сиера Леоне и во Либерија, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне […]

СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

јули 31, 2015

Новата вакцина против ебола, тестирана на 1.000 лица заразени во Гвинеја, се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Здравствените стручњаци оценуваат дека резултатите од истражувањето се „извонредни“ и ги менуваат работите поврзани со оваа болест. – Веруваме дека […]

Пет лица починале од ебола до крајот на април

мај 5, 2015

До 30 април, пет лица од Западна Африка починале од ебола, а регистрирани се 49 новозаразени случаи, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, од почетокот на епидемијата во Западна Африка, починале 10.895 лица, а 26.339 се заразени.

Во Словенија регистриран сомнителен случај на ебола

април 16, 2015

Лице со сериозни симптоми на ебола е хоспитализирано во клиничкиот центар во Љубљана, соопшти денеска директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле. Стрле соопшти дека станува збор за словенечки државјанин кој претходно престојувал во африканска држава и оти неговата здравствена состојбата во моментов се оценува како стабилна. Словенечките медиуми јавуваат дека првичните резултати од анализата […]

Опаѓа бројот на нови случаи на ебола

април 9, 2015

Триесет нови случаи на ебола се регистрирани во текот на изминатата недела, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, бројот на новорегистрирани случаи на ебола е на најниско ниво во последната година, откако се појави епидемијата која однесе 10.572 животи, а зарази 25.515 лица.

СЗО: Повеќе од 10.000 луѓе починале од ебола

март 13, 2015

До крајот на минатата година повеќе од 10.000 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата на ебола, соопшти Светската здравствена организација. Во девет држави, главно од Западна Африка, биле заразени повеќе од 24.000 луѓе, од кои 10.000 починале. Стручњаците предупредуваат дека во земјите погодени со ебола би можело да дојде и до појава на други видови епидемии, особено кај […]

Поради ебола, во карантин потпретседателот на Сиера Леоне

март 1, 2015

Потпретседателот на Сиера Леоне, Семјуел Сем Сумана, одлучил да биде ставен под карантин откако неговиот телохранител починал од ебола. Според Светската здравствена организација (СЗО), од ебола починаа 9.589 лица, а заразени се 23.700 луѓе. Во Сиера Леоне досега починале 3.461 пациент, но има најмногу заразени, дури 11.300 лица.

СЗО: Од ебола починале повеќе од 9.000 луѓе

февруари 7, 2015

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на жртви од ебола, во трите западноафрикански држави најпогодени од епидемијата, ја надмина цифрата од 9.000. Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне од болеста починале 9.004 луѓе, а инфицирани се 22.525 луѓе. Во Либерија починале 3.746, а заразени се 8.745. Во Сиера Леоне починале 3.301 и заразени се […]

Повторно се зголемува бројот на заболени од ебола

февруари 5, 2015

Најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека првпат годинава дошло до зголемување на бројот на заболени од ебола во најзагрозените земји во Африка. Бројот на новите случаи е зголемен во трите најтешко погодени држави – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Податоците на СЗО укажуваат дека обидите да се стави под контрола епидемијата, сепак, […]

СЗО: Од ебола починале околу 9.000 луѓе

февруари 3, 2015

Досега од ебола во светот починало 8.921 лице, информираше Светската здравствена организација. Оттаму велат дека најмногу од нив се од Гвинеја, Либерија и од Сиера Леоне. Најголем број, односно 3.710 починати и 8.668 заразени, се регистрирани во Либерија. Во Сиера Леоне од 10.707 инфицирани починале 3,274, а во Гвинеја од 2.959 заразени смртно настрадале 1.937 лица. Светската […]

Еболата во Либерија речиси искоренета

јануари 24, 2015

Властите во Либерија денеска соопштија дека има уште пет случаи на ебола и потврдуваат дека епидемијата која однесе повеќе илјади жртви е блиску до искоренување. „Имаме пет потврдени случаи на ебола во Либерија од денеска“, рече заменик-министерот за здравсто, Толберт Њенсувијах. Тој рекол дека три случаи се забележани во престолнината Монровија, а два во северозападните […]

За три недели се регистрирани нови 1.000 случаи на ебола

јануари 21, 2015

Повеќе од 1.000 нови случаи на ебола се регистрирани во изминатите три недели, што е показател дека болеста и понатаму претставува глобална закана, оцени шефот на мисијата на ОН за борба против еблата, Исмаил Улд Шеих Ахмед. Според Шеих Ахмед, црните прогнози дека до крајот на декември минатата година ќе има регистрирани 10.000 нови случаи, не […]

Страна 1 од 2