fbpx
Таг: буџет

таг: буџет

ЕУ предупреди осум членки за големите буџетски дефицити

Европската комисија предупреди осум земји од еврозоната дека ризикуваат да ги прекршат правилата поради големите буџетски дефицити. Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Финска, Литванија и Словенија имаат план за буџетите за следната година, кои би можеле да не бидат во согласност со правилата на еврозоната, според кои земјите морат да ги држат буџетските дефиците под три отсто од домашниот бруто-производ. Комисијата...

Во Црна Гора живеат 47 милионери

Во Црна Гора живеат 47 милионери, додека 206 компании  имаат депозити, односно заштеда поголема од еден милион евра, покажуваат податоците на централната банка на таа земја. На крајот од третиот квартал годинава, вкупната заштеда на физичките лица во Црна Гора изнесува 1,5 милијарди евра, односно 52 проценти, додека депозитите на правните лица изнесуваат 1,4 милијарди евра, што претставува 48 отсто од...

Шилегов: Наместо изградба на фабрики, празни ливади во Радовиш

„На оваа ливада пред две години обвинетиот Никола Груевски свечено фрли лопата на камен-темелник и повторно ги изговори истите лаги за странски инвестиции и за нови работни места. Како и секаде во државата, Груевски ги излажа и луѓето од Радовиш за инвестициски бум, за нови работни места, за нови фабрики“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, при денешната посета на...

ДИК побара 7,5 милиони евра за изборите, Финансии ќе ѝ ги даде

Државната изборна комисија (ДИК) побара од Министерството за финансии 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, дознава „Мета“. Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни. Од комисијата, исто така, информираа дека денеска ќе одржат седница на која треба да се усвои роковникот за активностите на ДИК до изборите. Од Министерството за...

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата - Буџетот за 2017 година, кој тежи 3,35 милијарди евра, по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан...

Сугарески: Буџетот е проектиран за да ги корумпира гласачите и нема да го гласаме

Предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите. Ова денеска го истакна пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, на расправата за предлог-буџетот за 2017 година. - По образложението на предлог-буџетот од страна на министерот за финансии, може да се заклучи дека тој е една голема лага за да ги купите изборите, односно...

Денеска се распушта Собранието, ќе се гласаат буџетот и, можеби, законите за СЈО

На денешната седница треба да се распушти Собранието на Република Македонија за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати со услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година. Точката за распуштање на Собранието ќе биде веднаш по точката за усвојување на буџетот за 2017...

Утре се распушта Собранието, ќе се гласаат буџетот и, можеби, законите за СЈО

На утрешната седница треба да се распушти Собранието на Република Македонија за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати со услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година. Точката за распуштање на Собранието ќе биде веднаш по точката за усвојување на буџетот за...

Спасовски: Граѓаните ќе бидат контролори на буџетот

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи во преодната влада, Оливер Спасовски, денеска во Охрид рече дека секој граѓанин во секое време ќе има можност да изврши увид во буџетот и дека секој ќе биде контролор на власта. - Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу бргу ќе се случи. Времето на неодговорни...

Учениците од плачковичките села ќе тргнат на училиште

Еден и пол месец по почетокот на учебната година, дваесетина ученици од подплачковичките села во Карбинско ќе тргнат на училиште. Општината Штип ја исполнила својата законска обврска и им обезбедила превоз на учениците. Родителите неодамна реагираа, исплашени од казните што можат да им следат поради тоа што децата не посетуваат настава. Општина Штип склучи договор за превоз на учениците од подплачковичките села со фирмата...

Пленарната седница за предлог-буџетот за 2017 година закажана за понеделник

Пленарната седница на која пратениците треба да расправаат за предлог-буџетот за 2017 година е закажана за понеделник, 17 октомври. По завршување на комисиската расправа, предлог-буџетот за 2017 година беше вратен на повторно разгледување во Владата, која, пак, повторно го вратила до Собранието. Расправата за предлог-буџетот на пленарната седница може да трае најмногу пет дена. Предлог-буџетот за 2017 година тежи 3,3 милијарди евра.

Општина Битола предизборно вработи 19 лица

Aдминистрацијата на Општина Битола e зголемена за 19 нововработени лица, обвинија од опозицискиот СДСМ, додавајќи дека вработувањата се реализирани со незаконски решенија. Од партијата тврдат дека одлуката за вработување на поминала на Советот на Општината. Советникот од СДСМ, Благојче Котевски, вели дека со непочитувањето на оваа одлука се направи проблем во буџетот поради исплатата на плати за овие лица, кои досега биле ангажирани...

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2017 година продолжува и денеска

За предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра, и денеска ќе се расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Седницата е почната на 28 септември и денеска е нејзино осмо продолжение. Поради собраниската расправа за буџетот, Собранието, како што пишуваше „Мета“, за изборите на 11 декември, нема да се распушти на 12 октомври туку на некој друг датум. Документот...

СДСМ: Власта на Груевски ја зголемува можноста за ширење на ХИВ

Власта на Никола Груевски ги става под ризик граѓаните, ја зголемува можноста за ширење на ХИВ и ги загрозува животите на пациентите кои веќе се лекуваат, обвини денеска Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ, на прес-конференција пред Собранието, каде се одржува протест против кратењето на буџетот за превенција од ХИВ. - Кратат неверојатни 59 отсто од средствата предвидени за превенција и за лекување...

Буџетот ќе го одложи распуштањето на Собранието

Собранието, сепак, нема да се распушти на 12 октомври, туку на некој друг датум, но најдоцна до 27 овој месец, дознаваме од извори во Собранието. Првата причина е што собраниската расправа за буџетот за 2017 година сè уште не е завршена. Документот сè уште се разгледува на собраниските комисии, а допрва ќе треба да се стави на дневен ред на...

Протест пред Собрание за зголемување на буџетот за превенција на ХИВ

Денеска пред Собранието ќе се одржи протест на неколку невладини организации, кои ќе бараат да се зголеми буџетот за превенција и за лекување на ХИВ. Како што најавуваат невладините и граѓанските организации, протестот ќе се одржи затоа што во буџетот за 2017 година, глобалниот фонд за ХИВ/сида, туберкулоза и маларија се повлекува. „Владата на РМ со меѓународни договори е обврзана да...

Николов: Со овој неразвоен буџет се проектира нов дефицит и долгови од 305 милиони евра

„Владата ги игнорира укажувањата на Светска банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да почне фискална консолидација, бидејќи јавниот долг ќе достигне повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ. И во 2017 година Владата со овој неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра“, истакна претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет,...

Заев со писмо ги предупредува амбасадорите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е загрижен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да има фер и демократски избори, соопштија од СДСМ. Тој со писмо им се обрати на амбасадорите кои се гаранти на Договорот од Пржино. Во писмото Заев пишува дека носењето на буџетот за 2017 година еден месец пред распуштање на Собранието и тоа што Уставниот суд сè уште не...

Владата го одобри предлог-буџетот за 2017 година

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и во текот на денешниот ден тој ќе биде доставен до Собранието. Како што информираше министерот за финансии, Кирил Миноски, буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за пораст на економијата од три проценти следната година. - Вкупните приходи на консолидираниот буџет за 2017 година се планираат на ниво од...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за настраданите во поплавите

Пратениците попладнево го изгласаа ребалансот на буџетот за 2016 година. Суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и од другите настрадани села под Скопска Црна Гора. Приходите во буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...