fbpx

Сведоштво од другиот автобус на Беса транс: Откога се вративме дознавме дека има 45 загинати во несреќата

-

Мета.мк стапи во контакт со еден од граѓаните коишто биле на тридневната екскурзија со „Беса транс“ во Истанбул. Нашиот соговорник којшто побара анонимност, ни кажа дека патувал со автобусот што бил пред возилото коешто учествуваше во несреќата, во која утрово загинаа 45 лица на автопатот „Струма“.

Тој ни изјави дека за автобуската несреќа дознале во Бугарија кога биле близу границата со земјава, кога девојка им кажала дека имало проблеми со другиот автобус и рекла дека се надева оти немало мртви. Тие дознале дека имало пожар во другиот автобус, но мислеле дека е мал пожар. За бројот на загинатите лица дознале преку социјалните мрежи дури откако се вратиле во земјава.

Според сведоштвото на патникот, на одење кон Истанбул се возеле со еден автобус, додека на враќање кон Македонија патувале со друг автобус. Со двата автобуси што сообраќале кон и од Истанбул немало технички проблеми, според изјавата на нашиот соговорник.

Патникот вели дека во автобусите имало по двајца возачи, коишто биле професионални. Сепак, посочува дека фирмата не била сигурна, односно по негово мислење не биле сериозни.

Инаку, утрово Мета.мк во неколку наврати проба да стапи во контакт со „Беса транс“ по телефон, но при телефонскиот повик ни се вклучуваше секретарка. Роднини и семејства на туристите коишто заминале во Истанбул со оваа агенција од утрово чекаат пред затворените врати на нејзините простории во Старата скопска чаршија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...