Студентите од техничките факултети ја бојкотираат наставата

-

Студентите од техничките факултети ја бојкотираа наставата еден ден пред седмиот пленум наречен „Автономна зона“, на кој треба да се дискутира за окупација на универзитетите. На официјалната фејсбук-страница на „Студентски пленум“ стои соопштение за бојкот на техничките факултети.

„Бојкотот на техничките факултети е успешен! Ајде пленумци, битката за подобро високо образование е далеку од завршена“, стои на фејсбук-страницата.

Денеска во Собранието треба да се гласа за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование. Седницата беше најавена за 13 часот, но сè уште не е почната.

Вчера за „Мета“ од „Студентски пленум“ рекоа дека се подготвени за окупација, но дека за тоа ќе одлучат утре, в среда, на седмиот пленум.

– На пленумот в среда ќе се дискутира за тоа дали да се окупира универзитетот и одлуката ќе зависи од расположението на студентите. По ветувањето од Владата дека ќе се формираат работни средби од двете страни за носење нов закон за високо образование, сè уште нема конкретна најава за таква средба. Такви ветувања сме виделе и порано, но засега сè останува само на најава – рече Анастасија Петреска од „Студентски пленум“.

За пленумот најавен за утре, на фејсбук-страницата стои дека одложувањето на примената на членовите од законот е само прв чекор кон она што го бараат студентите, а тоа е нов закон со кој системски ќе се ревидира концептот на високо образование.

„Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме затоа што сложни, гласно, на сите начини се спротиставуваме на наметнатите реформи во високото образование“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата...