fbpx

„Метаморфозис“: Неовластеното прислушување е неуставно и кривично дело

-

Фондацијата „Метаморфозис“ со соопштение искажа огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на  граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации.

Од „Метаморфозис“ потсетуваат дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на личните податоци, но и многу поширок круг на човекови права кои се однесуваат на слободата и достоинството кои може да бидат загрозени со прислушување, е заштитена со Уставот на Република Македонија, според кој прислушувањето без судски налог е забрането.

Заштитата на приватноста, се вели во соопштението, како начело е вградена во низа закони, почнувајќи од Законот за заштита на личните податоци кој е усогласен со важечките европски директиви, а согласно кои личните податоци на граѓаните може да бидат обработувани само врз основа на закон, за конкретно дефинирана цел која ја оправдува обработката и во точно определен рок по истекот на кој обработката треба да престане. Кривичниот законик, исто така, експлицитно забранува неовластено прислушување и снимање (член 151 и 152) и пропишува затворски казни до три години.

– Правото на приватност е исклучително важно човеково право, a преку загрозувањето на приватноста директно се загрозува и нашата слобода. Одлуките за прислушување и следење од страна на државните органи мора да бидат донесени според важечките закони. Во никој случај тоа не смеат да бидат арбитрарни одлуки на поединци кои имаат моќ да го сторат тоа. Наводите за масовното прислушување на преку 20.000 граѓани се многу сериозни и јавноста мора да бара одговорност од надлежните институции – изјави Бардил Јашари, директор на „Метаморфозис“.

Ставајќи ја заштитата на приватноста како приоритет при изградбата на информатичко општество, Метаморфозис од 2004 година повеќепати јавно укажуваше на можностите за неовластена злоупотреба заради нефункционирањето на механизми за надзор од страна на Собранието врз институциите со капацитет за прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...