fbpx

Столтенберг: НАТО ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите европски земји

-

Алијансата силно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите европски земји, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, говорејќи во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон.

Тој рече дека НАТО ќе работи на тоа да обезбеди соседите на Алијансата, како Грузија, Молдавија и Украина, да останат стабилни и независни.

– Овие земји не се тампон-зона, тие се независни суверени држави. Тие имаат право да изберат сопствен пат и ние ќе им помогнеме во тоа – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.