fbpx

Ставрески: СБ и ЕБОР го потврдија успехот на економските политики на Владата

-

Мерките и политиките на Владата во капиталните инвестиции во буџетот, долгорочната политика за привлекување странски инвестиции и помошта за домашните фирми во изминатиот период, според вицепремиерот Зоран Ставрески, се клучни причини за постигнувањата на македонскиот економски пораст за минатата и перспективите за годинава истакнати во извштаите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка (СБ).

– Заедничката констатација дека Македонија има најдобар економски резултат во 2014 година во ЈИЕ и во Централна Европа и најдобра перспектива за пораст на економијата за годинава во последните извештаи на ЕБОР и на СБ е најдобар пример и показател за успехот на владините економски политики и ги демантира тврдењата дека немаме успех во економијата – оцени денеска на прес-конференција вицепремиерот Зоран Ставрески.

Според него, токму во извештаите од ЕБОР и од СБ, реномирани и стручни финансиски институции во Европа и во светот, се разгираничува што е лага, а што вистина во економскиот дел за Македонија, односно, како што рече, кој од тие што зборуваат за економијата бил во право.

– Во поларизираната политичка атмосфера во Македонија, честопати се случува за одредени теми за кои, во суштина, не би требало да има несогласувања бидејќи се работи за прашања кои се дефинирани со бројки и со податоци, да има спротиставени мислења, и тоа не е толку чудно, но чудно е што понекогаш нема рекапитулар да се види откако ќе се завршат годините и резултатите кој имал право и зборувал со аргументи, а кој лажел едноставно или од дневно-политички причини презентирал одредени состојби. Затоа е добро одвреме-навреме барем да се расчисти таа магла и да се види какви се вистинските резултати на македонската економија – рече Ставрески.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...