Стар и неактивен повик на украинската амбасада злоупотребен против НАТО

Во Украина нема војници на С. Македонија, па поради тоа не може да се направи ни пејоративната паралела „до последниот севержистанца“. Инаку, тоа е дел од поширокиот наратив на Кремљ со кој се сака да се оправда неиспровоцираната воена инвазија што Русија ја почна во Украина

-

Се работи за објава во која се пропушта контекстот поради фактот што не е наведено дека повикот на украинската амбасада не е нов и активен, туку стар и после него следуваше соопштение од МНР во кое се известуваат државјаните на Северна Македонија дека учеството во странска војска е кривично дело. Исто така, во Украина нема војници на С. Македонија, па поради тоа не може да се направи ни пејоративната паралела „до последниот севержистанца“. Инаку, тоа е дел од поширокиот наратив на Кремљ со кој се сака да се оправда неиспровоцираната воена инвазија што Русија ја почна во Украина

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

СТРАТЕШКИ. Не боли, не пече; Ама ако сакаме да ги продолжиме интеграциите…#WeAreNATO #EuroAtlantic #ДоПоследногоСеверджiстанца
Во склоп на објавата се споделува фотографија од објавен текст со следната содржина:
Украинската амбасада во Скопје ги повикува граѓаните на Северна Македонија да се приклучат во украинската војска.
Кога ќе се пребара овој наслов на текст во пребарувачот Гугл, се доаѓа до оригиналниот напис кој е објавен на 8 март 2022 година, односно пред повеќе од 2 години и тоа непосредно по започнувањето на неиспровоцираната воена инвазија на Русија врз Украина (од 24 февруари 2022).
Еден ден по објавувањето на повикот од украинската амбасада (на 9 март 2022), свое соопштение до јавноста испрати македонското Министерство за надворешни работи. Во него државјаните на Република Северна Македонија се известуваат односно се потсетуваат на тоа дека учество во која било странска војска е кривично дело. Од Министерството за надворешни работи во своето соопштение напомнаа дека како земја пријател на Украина, постои разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат на секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба и доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбрана од воената закана која доаѓа од руските воени сили. Сепак, како што напомнаа од МНР во своето известување, учеството на граѓани на С. Македонија во која било странска војска според законските прописи, поточно согласно Кривичниот законик е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форумисе наведува во соопштението од МНР од 9 март 2022 година.

Согласно горенаведеното македонските власти се имаат соодветно поставено во дадената ситуација, предупредувајќи ги своите државјани дека кога би заминале да учествуваат во странска војска дури и на пријателска држава, тоа би било кривично дело според македонскиот Кривичен законик.

Во објавата што ја рецензираме, не се наведува тој факт, односно фактот дека македонското МНР ги предупреди нашите државјани да не учествуваат во странска формација како и тоа дека украинската амбасада никогаш не го повтори повикот, односно ретерираше од барањето на македонски доброволци. Ниту, пак, македонски војници учествуваат на фронтот во Украина.

Вистиномер на 18 мај се обрати во Министерството за одбрана од каде ни одговорија дека С. Македонија нема свои војници во Украина.

Армијата на Република Северна Македонија во тековниот период има вкупно 185 свои припадници распоредени во мисии, операции и активности на НАТО, ЕУ и ОН. Најголемиот број на припадници и состави учествува во операцијата на НАТО, КФОР во Косово, каде покрај два воени состава во јачина на пешадиски вод имаме и штабен персоналдодека во активностите на НАТО за зајакната будност (EVA) во Романија и Бугарија со состави во јачина од по еден вод, како и зајакнато истурено присуство (EFP) во Летонија со едно одделение. Покрај ова учествуваме со еден вод во мисијата на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина и во мисијата на ОН, УНИФИЛ во Либан со штабен персонал, одговорија од Министерството за одбрана за „Вистиномер“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Никаде во објавта не е наведено дека повикот на украинската амбасада не е нов и активен, туку стар и после него следуваше соопштение од МНР, а во Украина нема војници на С. Македонија па поради тоа не може да се направи ни пејоративната паралела „до последниот севержистанца“. Инаку тоа е дел од поширокиот наратив на Кремљ со кој се сака да се оправда неиспровоцираната воена инвазија што Русија ја почна во Украина.


Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...