Од денеска специјалната јавна обвинителка е сместена во просториите на Министерството за правда, објави „Телма“.
Ова го потврди министерот Јашари и додаде дека на специјалната обвинителка минатата недела ѝ биле понудени простории преку секторот за заеднички работи на Владата, но таа ги одбила како несоодветни.
По ова е распишан нов тендер за понуда на простории во кои ќе работи таа.