fbpx

Собраниските комисии на кои ќе се разгледува Договорот со Грција закажани за 15 часот

-

Откако пратениците на пленарна седница денеска одлучија Договорот кој во неделата го постигнаа Македонија и Грција, да се гласа по скратена постапка, Собранието за попладнево ги закажа седниците на матичните комисии кои ќе го разгледуваат Договорот, на кој владата му стави европско знаменце.

Во 15 часот ќе почне седницата на Комисијата за европски прашања. За 15.15 часот е закажана седницата на Законодавно-правната комисија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека нема да учествува во работата на Собранието што се однесува на Договорот за името со Грција, а за тоа како ќе дејствуваат понатаму ќе одлучуваат партиските органи.

После комисиските расправи, Договорот повторно ќе се врати на пленарна седница на која за да помине е потребно просто мнозинство, односно да присуствуваат 61 пратеник од кои најмалку 40 да гласаат „за“.

Со оглед на тоа што опозицијата нема да присуствува на расправата за Договорот, проценките се дека може тој да биде усвоен уште вечерва или евентуално утре.

Според процедурата, после ратификацијата, договорот ќе биде испратен кај претседателот Ѓорѓе Иванов кој во рок од седум дена треба да го потпише. Доколку претседателот го користи суспензивното вето, Законот пак се враќа во Собранието за ратификација. Ако при повторена процедура Законот биде изгласан со најмалку 61 гласа, Иванов е должен да го потпише. Но, Иванов претходно се изјасни дека ниту го прифаќа, ниту планира да го потпише Договорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани...