fbpx

Собранието утре ќе одлучува за одземање на мандатот на Груевски

-

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието утре треба да одлучи дали пратеникот Никола Груевски е недостоен за вршење на пратеничката функција. Груевски е осуден на две години затвор во случајот на СЈО „Тенк” и на 8 ноември треба да се јави на издржување на затворската казна. Во овој случај за одземање на пратеничкиот мандат потребно е двотретинско мнозинство.

Осумтемина пратеници, членови на новата пратеничка група, кои гласаа за пристапување кон промена на Уставот според Договорот од Преспа за промена на името, веќе најавија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на Груевски. По собраниската комисија, за ова прашање треба да одлучи Собранието со двотретинско мнозинство.

На пратеник кој е осуден на казна затвор од најмалку пет години, пратеничкиот мандат автоматски му престанува, пропишува собранискиот Деловник. Во случајов, потребно ќе биде двотретинско мнозинство на собраниска седница. Без гласовите на овие осум пратеници, такво мнозинство нема да има.

Груевски веќе го доби упатниот акт за издржување на казната затвор најдоцна до 8 ноември. Неговата молба за одложување на казната беше одбиена од судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1. Сега неговата одбрана има право на жалба до Кривичниот совет кој има рок од три дена да одлучи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...