fbpx

Собрани рекордни 650 метри кубни кабаст отпад од скопските општини

-

ЈП Комунална хигиена- Скопје информира дека, во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад, во периодот од 18 до 22 мај, спроведена во сите скопски општини, граѓаните фрлиле вкупно 650 метри кубни отпад, составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.
„За празнење на поставените садови, ЈП Комунална хигиена-Скопје ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила – самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки“, соопштија од ова претпријатие.

Додаваат дека, жителите на Скопје покажале огромен интерес за акцијата и уште на првиот ден биле преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција, екипите на Комунална хигиена рееализирале 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад.

„Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот“, истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...