Случајот на „прекугранично известување“ потопен во магла на неточности

-

„Една ТВ и три портали во Македонија се финансирани со 2,5 милиони евра средства од Унгарија, таму е Груевски“. Ова е насловот на еден напис на „Top Channel” објавен на 20 февруари. Тргнувајќи од тврдењето во насловот, тој е подигнат во форма на обвинување и известува за шема за поврзување на медиумите со политиката преку лица кои се формално обвинети за корупција. Но, ако почнеме да ја читаме статијата, уште од првиот пасус сфаќаме дека насловот всушност не одговара на содржината.

„Еден словенечки медиум неодамна објави истражувачка вест во која се открива дека два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во телевизијата Алфа и на трите интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширење лажни вести и манипулации“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Значи, обвинувачкиот наслов на статијата на Top Channel е обвинение од страна на претставничката на СДСМ која цитира непознат словенечки медиуми.

Манипулација со фотографија

„Една слика вреди колку илјадници зборови“. Ова е афоризам што се користи многу често. Фотографијата е важна во една статија. Преку неа, се остварува првиот контакт на читателот. Како важен елемент, изборот на фотографијата честопати влијае на читателот.

Во написот под наслов „Коалиции: Заев „флертува“ со албанските партии“, Top Channel како насловна избрал фотографија на екс-премиерот Зоран Заев со поранешниот директор за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, а во заднината има албански знамиња. Зоран Заев се гледа со дланката во форма на тупаница (симбол на триумф и единство). Освен заднината со албански знамиња, нема ниту еден друг елемент што наведува на можна коалиција со албанските партии.

Написите објавени пред изборите се честопати пропагандистички

Во веста со наслов „Коалиции: Заев „флертува“ со албанските партии“, се известува дека „Бидејќи трипартитната коалиција меѓу АА, Алтернатива и движењето Беса е далеку од реализација, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е подготвен да разговара со сите албански партии. Тој рече дека предизборен договор со албанските партии, кои не биле дел од коалицијата со нив, би одговарало на мотото на социјалдемократите: „Едно општество за сите“. Насловот не  содржи ниту цитат ниту се препишува некому, нема ниту време, ниту место. Како што е вообичаено, претставувањето на политичкиот дискурс пред изборите останува крајно деликатно. Написот има тврдење, но тоа не е поддржано никаде.

Пишува: Марјо Бракај

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...