fbpx

Словенците кажаа „не“ на хомосексуалните бракови

-

На референдум, Словенците го отфрлија законот со кој истополовите двојки ќе можат да склопуваат брак и да посвојуваат деца.

Според 98 проценти од пребројаните гласови, 63,29 отсто гласале „против“, односно 380.149 гласачи. За отрфлање на законот биле доволно 342.000 гласови.

„За“ гласале 36,71 отсто од гласачите, односно 220.478. Излезноста била ниска, само 35,89 отсто.

Како што пренесува агенцијата СТА, според правилата на референдумот, 20 проценти од вкупниот број избирачи со право на глас, треба да се изјаснат „против“ за законот да биде отфрлен.

Словенците се изјаснуваа за тоа дали бракот може да се дефинира како заедница на две лица наместо како заедница на маж и на жена, како и тоа дали на хомосексуалните двојки треба да им се даде право да посвојуваат деца.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...