Фото: Архива Мета

Словенечката полиција поднела кривична пријава против тројца словенечки државјани за кои постои сомневање дека измамиле 432 градежни работници помеѓу кои и работници од Македонија, пишува словенечката агенција СТА, а пренесува б92.нет. Измамата изнесувала најмалку 2,1 милион евра за период од 2011 до 2019 година.

Полицијата во Целје кон крајот на мај ја завршила долгата истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопштила денеска Полициската управа на Целје. Било откриено дека работодавците изнајмувале работници од БиХ, Србија и Северна Македонија, и за цело време биле вработувани во фиктивни компании.

Осомничените „фиктивни“ директори, на тој начин управувале со вкупно 22 компании во тој период, додека на работниците наметно не им биле исплаќани плати, придонеси за социјално, здравство и пензиско осигурување како и даноци и отпремнини.