fbpx

Скопје и Охрид со посебен сообраќаен режим за Водици

-

Заради непречено одвивање на манифестациите по повод чествувањето на христијанскиот празник Богојавление-Водици, во Скопје и во Охрид утре ќе биде вопоставен посебен сообраќаен режим, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во Скопје, од 10.30 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот Филип Втори, односно потегот на сообраќајницата од раскрсниците со булеварот Гоце Делчев до раскрсницата со улицата 11 Октомври. Во населбата Хром, во општината Ѓорче Петров, од 11.30 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата Васил Аџиларски.

Во Охрид полицијата уште денеска ќе почне да ги известува сопствениците да ги дислоцираат своите возила од паркинг-местата на улиците Коста Абраш, Цар Самоил и Кеј Македонија, каде е предвидено поставување на возилата на полицијата, итната помош и на противпожарната служба, како и на шаторите на Црвениот крст со неопходната опрема.

Утре за сообраќај ќе биде затворен булеварот Македонски просветители од пресекот со улицата Партизанска кон Кеј Македонија, додека сообраќајот на булеварот Македонски просветители целосно ќе се пренасочи кон улицата Партизанска. Од 7 часот ќе се врши физичко регулирање на овие сообраќајници, но и на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај црквата „Света Недела“ кај селото Коњско и на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Оровник, соопштуваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...