Скопјанец што измамил купувачи доби кривична пријава од полицијата

Image by Sam Williams from Pixabay

Скопјанецот О.И.(32) доби кривична пријава за измамување купувачи, според член 248 од Кривичниот законик, затоа што во 2021 преку профил за продажба на производи на Фејсбук рекламирал за продажба грејач за шише за бебиња, а доставувал нешто друго. Кривичната пријава е поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Како што соопшти полицијата, неколку граѓани што го нарачале производот, „увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот“. Откако се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил.

Овој случај е еден од многуте во последните неколку години, кога онлајн-купувањето стана попопуларно, на измамени или незадоволни купувачи, коишто најчесто се оставени самите на себе.

По четири претставки дневно добива ОПМ за измами преку Фејсбук продажби