fbpx

Синдикатите повикаа на протест за 1 Мај

-

Потписниците на повелбата за солидарност, по повод Меѓународниот ден на работничката борба – Први мај, организираат протест за социјална правда и работнички права.

Протестот ќе почне точно напладне од споменикот на предвоени синдикати, ќе продолжи пред Собранието, Министерството за труд и социјала и ќе заврши пред Владата.

Во повикот на нивната фејсбук-страница, тие пишуваат дека изминатата година најмногу на удар биле вработените во јавниот сектор, а особено во администрацијата, на кои им се наметнале бројни нови правила за полесна контрола и за полесно отпуштање на неподобните, хонорарните работници се изложени на осиромашување поради наметнатата обврска да плаќаат придонеси за хонорарите, на вработените во образованието фактички им е укинато правото да штрајкуваат преку легализирањето на штрајкбрехерството.

најава за протест

„Покрај ова, треба да се напомене и континуираниот игнорантски однос на власта кон вековниот проблем на стечајните работници, како и пресудите за невработените лица по повод кривичните пријави од Фондот за здравствено осигурување. Жолтите синдикати, по обичај, ќе го преспијат Први мај! Но ние, автентичните синдикати и организации за заштита на работничките права, ќе го кренеме нашиот глас! Дојдете заедно да го кренеме гласот против социјалната неправда и против кршењето и намалувањето на работничките права! Први мај не е ден за скара, туку ден за борба за нашите права“, пишуваат организаторите на настанот.

Живко Митревски, првиот човек на ССМ, вели дека годинава е донесена одлука да се организира марш на солидарност и ќе бидат упатени пораки и заклучоци.

Пред Први мај, во редовите на ССМ течат и избори, на кои единствен кандидат е актуелниот претседател. Токму ваквата постака за кандидатура од дел од синдикалците беше оценета како нелегитимна.

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, настан ќе организира и невладината организација „Цивил“. Иницијативата „Социјална правда сега“, организира гледање вести на улица.

„Зошто и како се апсат синдикалните лидери во Македонија? Со какви притисоци и понижувања се соочуваат работниците? До кое дереџе се доведени луѓето за да го истуркаат денот денеска?

Не можете да го видите тоа дома кога ќе вклучите телевизор. Таму се рекламите за здрава храна, за среќните работници, земјоделци, студенти, мајки. Реалноста е на друго место.

Ве повикуваме на сквер Јадран, да ја споделиме реалноста, утре со почеток во 19.30 часот“, пишува на фејсбук-страницата на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...