fbpx

Шилегов: Очекуваме усогласување на методологијата за да се прочисти избирачкиот список

-

На новинарско прашање во врска со методологијата за прочистување на избирачкиот список, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, истакна дека од партијата очекуваат „конечно искрен пристап од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ во рамки на работните групи за да се усогласи методологијата, за да може ДИК да почне со постапката за прочистување на избирачкиот список“.

– СДСМ, како што знае целокупната македонска јавност, за време на разговорите, преговорите и на договорите во работните групи е единствената афирмативна политичка партија. Другите политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, директно од посредникот во преговарите и од дипломатскиот кор се обвинети како луѓе што го бојкотираат процесот на имплементација на Договорот од Пржино – истакна Шилегов.

Тој додаде дека тие не се откажуваат од целосна теренска проверка.

– Доколку ДИК се формираше до крајот на септември, СДСМ ќе инсистираше на активна регистрација. Кога се проби тој рок од активната регистрација, бидејќи и ДУИ се противеше и немаше време, имајќи го предвид тогаш утврдениот термин за априлските избори, рековме дека ќе преминеме на целосна теренска проверка. Парцијални решенија не можат да доведат до целосно прочистување на избирачкиот список, со што ќе се доведе во прашање кредибилноста на изборите, коишто очигледно нема да можат да се одржат на 24 април – додаде Шилегов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...