fbpx

Сестрински партии помагаа Верушевски да добие работна виза во странство

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „24 Вести“ вечерва изјави дека сестрински партии од други држави помагале Зоран Верушевски да добие работна виза надвор од земјава за да се заштити. Според Заев, Верушевски не му ги дал материјалите, туку Зоран Заев му ги доверил за да му даде насоки. Тој ја потврди автентичноста на писмото кое претставува преписка со Верушевски, но негираше дека се работи за странски служби. Објасни дека во писмото се договара излезот на Верушевски од земјава.

– Се трудевме да обезбедиме работна виза за да замине од Македонија на повеќе од три месеци. Претседателот на сестринска партија е и премиер на таа држава, ми посочи луѓе кои ќе ми помогнат да извадат виза за Верушевски и за неговото семејство. Тој се плашеше за својот живот поради тоа што соработуваше и даваше насоки откако јас му ги доверив материјалите што дојдоа до мене – рече Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ изјави дека поседува и писмени докази за криминал на власта, а меѓу нив и такви кои го илустрираат синџирот на проследување на следењата на граѓани во полицијата.

Зоран Заев изјави дека опцијата техничка влада пред избори повеќе не е во игра и повтори дека нема доверба во обвинителството.

– Што да очекувам, па обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, му е баџанак на Сашо Мијалков. Зарем да очекувам дека тој ќе ја процесуира нашата пријава за криминал? Но, ако некој од обвинителството се одважи, јавно ќе го поздравам да биде пример за идните генерации – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...