Серијата томови „Клучните концепти во кинеската мисла и кулутра“ комплетно достапна на македонски јазик

Фото: Издавачка куќа Македонска литера

Друштвото на издавачка дејност,  „Македоника литера“ ги објави преостанатите томови од низата поврзани книги, „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“ на македонски јазик со што се комплетираше серијата.

Паралелено на тоа, целата серија е објавена и на англиски јазик.

Томовите ги содржат најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Содржинските изрази пренесени во книгите се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на длабочината и широчината на неговата мисла.

„На кинескиот народ денес тие му служат како клуч за подобро разбирање на еволуцијата на својата древна филозофија и на развојот на својата литература, уметност и историја. За другите народи, овие концепти ја отвораат вратата за разбирање на духовниот свет на современа Кина и на кинескиот народ. Концептите, мислите, цитатите и појаснувањата се однесуваат на класичната кинеска филозофија, литературата, уметностите, културата, историјата и традицијата, односно серијата претставува своевиден сублимат за запознавање на кинеската цивилизација. Овие Клучни концепти на кинеската мисла и култура, всушност, го даваат клучот на прашањето зошто кинеската цивилизација е најдолгата жива цивилизација и зошто и
денес е многу моќна и просперитетна.“, пишуваат од „Македонска литера“.

Текстот вклучен во нив е напишан на пристапен стил и јазик за широк круг на читатели. Секој том содржи по 100 клучни мисли, за кои се дадени концизни и прецизни објаснувања, а потоа се поткрепени со цитати поврзани со тие клучни мисли. Доминира старокинеската мудра мисла. Освен предговор на три јазици (македонски, кинески и англиски), секој том содржи и прилози: список на клучните мисли, куса хронологија на кинеската историја. При создавањето на овој проект биле вклучени познати експерти, одбор на советници, експертска комисија и академски комитет, односно околу 90 познати експерти за литературата, уметноста, историјата, филозофијата и преведувањето.

Проектот е предводен од издавачката куќа ФЛТРП, еден од трите најголеми издавачи во Кинда во соработка со Универзитетот за странски студии во Пекинг и макеоднскиот превод е објавен истовремено со публикувањето на кинески и англиски јазик во Пекинг, НР Кина.